Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Избор на подна облога


Машина за перење алишта

Теписи од вештачки влакна – овие теписи се произведуваат од синтетички влакна (полиамидни, полиакрилни, полиестерски и полипропиленски). Постојат неколку постапки за производство, а најчеста е тафтинг постапката со која тепихот добива четири различни слоја: корисен слој (слој врз кого се гази), носивен слој или повеќеслојно ткаење на полиестерот или полипропиленот, премаз (заштита) од дисперзија на пластичните маси (ситирол-бутадиен) и заден слој. Тафтинг постапката завзема 70% од целокупното производството на теписи.

Теписите од вештачки влакна имаат мала топлинска проводливост, односно голем отпор на одведување на топлината, ефект кој е одговорен за "топлината на нозете", кој секој корисник го смета за пожелен и пријатен.

Доколку под таквиот тепих се наоѓа подно греење треба да се бира подна облога со отпор на топлинска проводливост помала од 0,17 К*м²/W, за да се обезбеди задоволителна загреаност на просторот.

Појавата и ширењето на бучавата од чекорењето се намалува со поставување на теписите, бидејќи интензитетот на бучавата од чекорењето и шумовите во просторијата се смалува со апсорбција на звукот.

Запаливоста на теписите од вештачки влакна рангирана е по класи: Т-a Т-b и T-c, при што запаливоста на Т-a одговара на класата на запаливост на градежните материјали B1, T-b одговара на класата B2, Т-c одговара на B3.

Од еколошки аспект, кај теписите од вештачки влакна проблематична е задната пенеста заштита на тепихот од стиро-бутадиен-латекс (SBR), бидејќи преку неа може да се создаваат мономерите стирол и бутадиен како и 4-винилхлорхексен и 4-фенилциклохексен. Овие супстанци кои се тешко испарливи можат да доведат до зголемено заситување на воздухот и да се појави јак мирис, кој делува непријатно. Проблематична е и комбинацијата на пена и лепило за теписи бидејќи може да предизвика хемиски реакции кои доведуваат до ослободување на штетни состојки кои го загадуваат воздухот. Теписите од вештачки влакна истотака се и непогодни за рециклирање.


Теписи од природни влакна

Волната како суровина за производство на подни облоги се користи веќе 5000 години. Теписите од волна се подни облоги кои се прилично отпорни на абење, а волната инаку е многу мек, топол и издржлив природен материјал. Волната едноставно се произведува, обработува, одржува и чисти, па поради тоа таа е погодна за употреба во сите простори. Користејќи ги теписите од волна како подни облоги, се постигнува чувство на хармонија и силен израз на индивидуалност и функционалност во домот.

Волнените теписи како подни облоги имаат огромна традиција која се одржува до денес, а сè повеќе се усовршува и се развива. Европското здружение на производители го има дефинирано изгледот и значењето на симболот на квалитет на тепихот кој го употребуваат сите членови на ова здружение, со прикажување на задната страна на тепихот.

За успешно и долготрајно користење, теписите треба да бидат поставени на сува, рамна, чиста и постојана подлога.