Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Соборени рабови на паркет



Кога станува збор за изведбата на ламелите на паркетот, освен класичната изведба каде не постои слободен простор помеѓу рабовите на две соседни ламели, постои и опцијата на паркетни ламели со соборени рабови.

Тие особено се видливи и атрактивни кај паркетите со поголеми ламели, чија должина е поголема и од 1 метар. На овој начин се истакнува убавината на секоја ламела посебно, со нејзината уникатната структура и распоред на годовите.

Соборените рабови на паркетот, освен естетската, имаат и практична улога. Тие ја "сокриваат" евентуалната појава на зјаеви како последица на "работењето" на паркетот.

Имено, со тек на времето, доколку паркетот е изложен на големи отстапувања од идеалната влажност во просторијата (50-60% влажност), доаѓа до набабрување или собирање на ламелите на паркетот. Кај ламелите со соборените рабови, зјаевите кои се појавуваат при собирањето на паркетот нема да бидат толку видливи.