Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Надворешни дрвени подни облоги



При планирањето на терасата во дворот, доколку се одлучите за дрвени подни облоги, треба да се знае кои видови на дрвени подлоги (анг. decking) се најсоодветни за таа намена.




Најчесто употребуван вид на надворешни дрвени облоги се даските кои се парени под притисок. Ваков декинг материјал е релативно евтин, широко достапен од него може да се направи доволно стабилна подна облога за терасата. Сепак, подот е подложен на свиткување, пукање и цепење, па така треба редовно да се одржува и третира со средства кои штитат од временски влијанија.




Дрвен под од јасен


Со одреден избор на дрвото може да се продолжи животниот век на надворешните подни облоги и притоа да се намали трошокот за нивното одржување. Надворешните дрвени подни облоги направени од секвоја и кедар овозможуваат долговечност за долги години, но цената е и до три пати поголема од дрвото кое е третирано под притисок. Слични се цените и за подот направен од тропски дрва.




Дрвен под од кедар


Декинг облогите со композитни материјали се мешавина на дрвени влакна и пластика, и се неколкупати поевтини од облогите од чисто дрво. Тие се прилично задоволително решение за избор на подна облога – отпорни се на деформации, цепење и создавање на пукнатини, а достапни се во голем број и бои.




Композитен под


Технологијата овозможува употреба на материјали кои се претходно обоени, кај кои гребаниците не се забележливи, материјалот не бледи, одлично е отпорен на влага и дејство на инсекти. Овие материјали лесно и едноставно се чистат, со сапун и вода.