Избор на подна облога
Плочки
Керамички плочки - и во минатото и денес керамичките плочки како подна облога го задржале своето присуство на подот во кујните, бањите итн. Тие се отпорни на гребнатини и исклучително се едноставни за одржување.
Керамичките плочки во процесот на производство се синтерираат - процес со кој на материјалот му се дава затворена површинска структура, така што и без глазура тој има отпорност на влага.
Плочките имаат секогаш постојан облик, отпорни се на абење и имаат долг век на траење. Одржувањето е едноставно - со метење или бришење, па затоа се користат кај подови кои се изложени на поголема фрекфренција на движење (на пр. скали, фоаеја итн.).
Поради нивната добра толинска проводливост често се поставуваат на подови со подно греење; отпорни се на вода, па затоа се користат во бањи, како и во надворешни простори како тераси и балкони.
На нозете делуваат студено и не ја подобруваат заштитата од звуците произлезени од чекорењето.
Кај керамичките, како и кај другите видови плочки, опасноста од лизгање поради капки вода, ситни парчиња овошjе и сл. се намалува ако на подот се поставени помали плочки, поради поголемиот број на фугирани низи (фуги) кај нив, со што се намалува опасноста од лизгање.
Керамичките плочки според квалитетот се групираат во класи.
Добро е при купување на керамичките плочки да се изберат плочки од I класа, односно квалитетни керамички плочки. Нивната поголема цена се исплатува поради поголемиот век на траење.
Плочките од II и III класа може да бидат и оние кои имаат грешка поради мало отстапување во бојата или димензијата, а тоа е причина да бидат рангирани послабо.
Обрнете внимание дали на секоја картонска кутија е истакнато името на производителот со точната ознака. Така ќе бидете сигурни дека сте купиле исти плочки (со иста нијанса на боја и исти димензии).
Керамичките плочки покрај отпорноста на вода, отпорни се и на високи температури и добро ги поднесуваат хемиските средства кои се користат во домаќинството. Керамичките плочки се чистат едноставно: доволно е да се употребува вода со минимален додаток на вообичаените средства за чистење. Но, по правило најдобро е да се придржувате на упатствата од производителот.
Според површината на која се предвидени да се поставуваат се делат на две поголеми групи: ѕидни и подни плочки.
• Ѕидни плочки - помеки се од подните плочки, најчесто се глазирани (иако се произведуваат и во мат варијанта). Поради тоа тие се лизгави, па не се соодветни за поставување на подот. Подните плочки по правило се малку поскапи од ѕидните.
• Подни плочки - во бањата, кујната и ходникот можат да се стават било кои подни плочки, а оние за терасата треба да бидат и отпорни на мраз. Пред да ги купите, пробајте ги, слободно застанете на нив за да видите дали се лизгате на нив, намокрете ги, па видете како ќе се однесуваат.
За високофрекфрентни места, каде најчесто се поминува, особено се препорачува поставување на квалитетни плочки, за да се спречи појавување на изабени места, кои можат да се појават за краток временски период доколку плочките не се квалитетни. Гранитната керамика е соодветна за таа намена - целокупната структура е идентична во секој дел од плочката, па местата каде имало абењето нема да бидат забележливи.
Ако сакате да комбинирате полиран и неполиран гранит, треба да се има предвид дека плочките од иста серија можат да имаат различни димензии односно калибража – различна калибража значи и различни димензии.
При купувањето на плочките потребно е да се обрне внимание на следните ознаки кои се запишани на кутијата или во каталогот:
• Отпорност на мраз
• Процент на впивање на вода – кај керамиката за надворешна употреба овој процент треба да е што е можно помал
• Дебелина на плочките (во просек изнесува 8-9 mm)
• Тврдост според MOHS скалата (1-10), при што за илустрација 10 е тврдост на дијамант. За подни плочки вредноста преку 5 е добра вредност.
• Отпорност на лизгање – може да изнесува од R9 (најмал коефициент на триење кој обично е случај кај ѕидните плочки) до R13.
• Отпорност на хемикалии (обично се користи кога станува збор за индустриски плочки)
Пред да се почне со поставување на плочките треба да се измери просторијата за да се утврди колку плочки, фуг маса и останати материјали се потребни. Растојанието помеѓу плочките е прашање на личен вкус, но сепак најчесто изнесува 3 mm за подни плочки, додека за плочките со рустичен изглед или за оние со нерамни ивици, растојанието е поголемо. Кај ѕидните плочки најчесто растојанието не е поголемо од 3mm.
Природен камен – природниот камен се крши во блокови и се режe во плочки (како на пр. мермерот) или директно се реже во плочи. Плочите од природен камен се поставуваат во постелка од смеса на песок, вода и цемент. Некои видови се порозни, па затоа треба да се обработат пред првата употреба. Природниот камен го има на пазарот во различни бои и нијанси.
.
Вештачки камен - подните облоги од вештачки камен по своите својства и изглед потсетуваат на природниот камен; Се произведуваат индустриски, односно се со унифициран изглед, што може да допринесе за ефект на монотонија; Поефтин е од од природниот камен.
Вештачкиот камен претежно се состои од бетон, на кој од естетски причини му се додаваат природен камен и чакал. Понатаму се бруси и полира.
Вештачкиот камен како и природниот се лепи и се составува во постелката од смеса на песок, вода и цемент. Заштита на површината се постигнува по хемиски пат со помош на средства за зацврснување.