Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Парење на дрвото кај буков паркет



Целта на процесот на парење на буката е првенствено изедначување на нејзината боја со добивање на црвеникава нијанса, како и смалување на внатрешната напрегнатост и стерилизација на дрвото. Топлински обработеното дрво е посоодветно за подготовка на паркетните даски поради подобрените и поизедначени механички својства и изглед.

Парењето на дрвото се врши на 100 Целзиусови степени и при стопроцентна влажност на воздухот. При овие услови се разградуваат одредени соединенија, како што се пензоаните и над 90 Целзиусови степени целулозата, a се создаваат органски киселини кои предизвикуваат обојување на лигнинот, а со самото тоа и боење на дрвото.

Процесот на парење трае додека не се постигне саканата нијанса на дрвото, од 2 до 4 дена. Колку е подолг процесот, толку буковотo дрво ќе има поцрвена боја. Притоа, важно е да се пари дрво со еднаква релативна влажност и слични димензии за да се намалат отстапувањата во бојата.








Парена бука (лево) и непарена (десно)