Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Правец на поставување на дрвени подови



При поставувањето на паркет, ламинат или друг вид на дрвен под треба да се донесе одлука во која насока треба да бидат поставени ламелите на паркетот.

Генерално правило е дека ламелите треба се постават во правец на протегање на светлината (кон прозорецот).

Второ правило е дека ламелите треба да бидат поставени во правецот на фреквентно движење, односно во правец на вратата.

Во случај кога правецот на фреквентно движење е различен со правецот на протегање на светлината, треба да се одлучиме за еден од нив, или пак да се одбере дијагонално протегање на подот. Затоа, треба да се знаат визуелните ефекти на правеците на протегање на дрвените подови:


Вертикално поставување (по должина)

Кога ламелите се протегаат по должина на собата, таа добива на длабина. Ваквиот начин на поставување на подот кусата соба ќе ја прикаже визуелно подолга. Овој ефект е уште поизразен кога имаме комбинација на светол паркет и потемен ѕид. Местењето на паркет по должина е побрз начин на инсталирање од местењето по ширина.


Хоризонтално поставување (по ширина)

Овој вид на поставување е опција кога имаме тесен простор кој сакаме да го прошириме, како тесна соба, кујна, ходник... Ова поставување бара подолго време од она по должина, а може и да се создаде визуелен ефект дека ламелите се неплански испресечени.




Дијагонално поставување

Поставувањето по дијагонала на собата, кое во пракса е најчесто под агол од 45 степени, ќе создаде ефект дека собата е поголема. Овој начин на поставување е соодветен за поставување на дрвен под во мал простор.