Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Избор на подна облога


Ламинат

Ламинатните подови се состојат од следните конструкциски слоеви (гледано од горе па надолe):

• украсен слој и слој против абење од меламинска смола (кој е прозирен, со дебелина помала од 1 mm). Меламинот е пластика која содржи алдехиди или кетони. Овие супстанции хемиски веќе се интегрирани, но под дејство на влагата или веднаш после вградувањето можат да се ослободуваат во воздухот во помали количества.

• декоративно испечатена хартија (илустрација на дрво, камен, мермер и сл).

• носива плоча од MDF, пресувана иверка со дебелина од приближно 6mm

• заштитен слој (меламинска смола за заштита од влага)

 

Предности на ламинатните подови се:

• пониска цена во однос на готовиот паркет, но и неминовно помал век на траење во однос на истиот.

• цврстина

• лесно одржување и чистење, што е предност за луѓето кои се осетливи на алергии

• мала конструкциска висина, така да и стариот под често се остава под ламинатниот под

 

Треба да се обрне внимание на следното:

• Ламинатите не ја сакаат влагата. Таа може да продре низ ивиците на носечкиот слој, што предизвикува нивно набабрување. Затоа: правосмукалката и метлата се доволни во нормални услови, а со мокра крпа да се брише само во одредени случаи и тоа со слабо навлажнета крпа.

• Брусење на оштетувањата на површината не е можно. Ламинатите се осетливи на удари и на напрегање поради дупчење.