Во врелите летни денови подготовката на храната не мора да претставува проблем доколку се изведува во посебен простор, односно во летна кујна.
Таа не мора да биде привилегија само на оние кои живеат во куќа, туку може да биде и дел од поголема тераса.
Со нејзина употреба ќе го избегнете дополнителното загревање на домот, а исто така ќе го нема и присуството на силни мириси при подготовката на храната.