Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Острово во кујната



Доколку сакате поголема работна површина или простор за готвење, кујнското острово ќе преставува прекрасно стилско дополнување во вашата кујна.





Размислете за намената

Oстровото во основна изведба - без кујнските уреди, лесно се претвора во место за обедување со додавање на неколку шанк-столици, односно со поставување на пониска трпезариска маса на една од страните – за оние кои сакаат потрадиционален начин на обедување.

За дружење и комуникација со домашните и пријателите, размислете за вградување на електрична плоча или фурна на средишниот дел од островото, бидејќи на овој начин лицето кое готви ќе биде свртено кон просторијата.











Внимавајте на просторот


Доколку планирате нова кујна, размислете за вбројување на острово во кујната како независен елемент или како надополнување на веќе постоечката кујна. Притоа имајте предвид дека струјата, водата и гасот до островото треба да бидат спроведени под подот.




Покрај ова, треба да се овозможи и најмалку еден метар слободен простор околу островото за да може непречено да се отвораат вратите од елементите или од вградените уреди.


Определете го стилот

Островите најчесто се правоаголни, но сè популарни се и оние со “L” облик. Ваквите острова кои имаат различни висини за работните површини нудат две независни зони - за готвење и за обедување. Исто така, популарен модел на острово во кујна е и заоблениот тип, кој на ефективен начин го формира центарот на кујната.








При изборот на моделот обидете се да ја следите линијата и бојата на останатите кујнски елементи или пак одберете потполно контрастни материјали, со цел да го истакнете островото во однос на остатокот од кујната.


Испланирајте го осветлувањето

Погрижете се над островото да постои непосреден извор на светлина, особено ако сте се определиле за вградување на кујнски елементи за готвење. Насочената светлина над делот предвиден за готвење ќе помогне при креирањето на релаксирана атмосфера.