Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Голема кујничка



Во последните педесет години кујните доживеаја многу промени, не само поради развојот на технологијата и унапредувањето на материјалите од кои се изработуваат, туку и поради тоа што нивната употреба се менува во склад со стиловите на живот на нивните корисници.

Имено, секојдневно поминуваме се повеќе време на работа или во училиште, па така семејството најчесто е собрано единствено за време на подготовката или за време на конзумирањето на доручекот и вечерата. Затоа и не зачудуваат заклучоците на многу социолошки истражувања дека кујната ја превзема од дневната соба улогата на средиште на домот и станува мулти-функционална просторија во која не се готви само, туку и се разговара, учи, игра, се забавуваат гостите, итн.




Секако, за да ова е можно , потребно е организацијата и уредувањето на просторот да ги следи современите животни трендови, но и димензиите на самиот простор. Кујните во големите станови (или куќи) често се со поголема квадратура, што дава многу поголема слобода во тек на разместувањето на стандардните елементи кои се користат при подготовка на храната (најчесто во облик на буквите L или U ), но и при оплеменување на таа сестрана просторија со содржини како на пр. голема маса за обедување, детско катче за игра, дрвени клупички, па дури и наслонувачи,...

Накратко кажано, поголемите кујни самостално си ја извршуваат не само основната функција, тулу и функцијата на трпезарија и дневна соба, со што се олеснува собирањето и комуникацијата внатре во семејството, како и при доаѓање на гости.

Од друга страна, во помалите простори, како еднособните станови или гарсоњерите кујните се помали, а понекогаш и со минимални димензии. Во тој случај, врската помеѓу нејзината основна функција, како и друштвената улога е спојување со дневната соба, при што тие две простории се одвоени само на визуелен начин - со помош на "остров " или дури и шанк сместен помеѓу кујната и дневната соба.




"Островот " во средина со вграден фрижидер е еден од најпопуларните елементи користени при дизајнирањето на кујните во САД и Западна Европа, бидејќи лицето кое на пример го меша јадењето на работната плоча не мора да биде свртено со грб кон луѓето во дневната соба, што ја олеснува комуникацијата со семејството и/или гостите. На шанкот можат да седат и да јадат две или три лица, што е особено погодно ако нема простор за маса во кујната.

Се разбира, доколку се решите да ја споите кујната со дневната осба, внимавајте на неколку работи - треба да има квалитетна вентилација на непријатните мириси од готвењето, како и да имате потивок фрижидер и машина за перење садови.




Функционалниот распоред на елементите, како и триковите за визуелно зголемување на малата кујна се основа за квалитетен дизајн. Во многу случаи можно е визуелно да се смени изгледот на структурата на просторот со употреба на бои, детали и осветлување соодветни во одредени ситуации. Со други зборови, со истакнување на квалитетот на просторот ги одвраќате очите на набљудувачот од помалку квалитетните црти на истиот тој простор.


Со употреба на светли, студени бои, сјајни површини и мебел со иста боја како бојата на ѕидовите - визуелно ќе го зголемите просторот. Имено, светлите и студени бои прават ѕидовите и објектите во просторот да изгледаат поодлалечени, а сјајните површини ја рефлектираат светлоста, па се создава впечаток на поголем простор.




Проѕирниот мебел, како и оној со боја на ѕидовите, не се истакнува во просторот, а со самото тоа ги сокрива своите димензии. Затоа кујнските елементи и работни плочи изедначете ги со бојата на ѕидовите. Светлите нијанси на сина, зелена, виолетова се одличен избор. Доколку преферирате боја на дрво - тука се јаворот, јасенот, буката, побелен даб, итн.

За обложување на ѕидовите и подовите во игра се доста варијанти. При визуелното зголемување на просторот препорачливо е ѕидовите да се обложат со сјајни материјали како што се керамичките или мраморни плочки со помали димензии, или да се премачкаат со боја со сјаен завршен слој - кој личи на сатен. Подовите истотака може да ги обложите со плочки, а ако сакате да не создаваат бучава при чекорењето - користете линолеумски или ПВЦ облоги.

Ќе заштедите простор доколку вообичаената крилна врата ја замените со лизгачка врата.


Кујната опремете ја со мебел со рамни линии, а на прозорците ставете венециранери, односно жалузини кои лесно може да ги тргнете, што ќе ви го олесни чистењето. Бидејќи кујните се составуваат од повеќе елементи, изберете ги оние елементи кои по димензиите и функционалноста најдобро ќе се вклопат во просторот. Просечната длабочина на долните елементи е 60 cm , на горните е 40 cm , а просечната висина на долните елементи се движи пд 85 до 90 cm, а на горните од 30 до 120 cm.




Поставете високи горни елементи (по можност до таванот) за да максимално го искористите просторот за складирање. На највисоко ниво ставете ги оние садови кои поретко ги користите. На пазарот има голем избор на елементи кои може да ги сместите помеѓу горните и долните елементи (куки и држачи за шолји, прибор за готвење, полици за зачини, итн.). Вградениот шпорет и/или микробранова печка вградете ги во колона (елемент висок и до два метра) на висина на лактите, за да полесно ги ставате и вадите садовите од печката, но и да спречите децата да ја отвораат.

Бидејќи секој предел кој е во сенка визуелно исчезнува и на тој начин го смалува просторот, изворите на светлост нека бидат така поставени за да ги осветлуваат сите делови од кујната. Работната плоча треба да биде добро осветлена поради полесна подготовка на храната, а тоа може да се постигне со поставување на неколку светилки под горните елементи.

Без разлика дали имате голема или мала кујна, уредете ја функционално и естетски прифатливо, за да го зголемите квалитетот на живот за себе и за своите блиски.