| Уредување на кујна:
Совети за уредување на кујна
Стандардни димензии на елементите во кујната
Осветлување на кујна
Максимално искористување на тесната кујна
Заштитете ја кујната
Голема кујничка
Минијатурни кујни
Рустикални кујни
Острово во кујната
Нивоа на осветлување во кујната
Рустични детали за топлина во кујната
Отворени полици во кујната
Стакло на ѕидот во кујната
Весела кујна
Елеганција на црно-белата кујна
Зошто е вечно популарна белата кујна?
Летна кујна
Patchwork плочки во кујната
Црвена боја во кујната
Тифани ламба
Клупа во кујната
Бело-сива кујна
Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната
Полици на извлекување во кујна
Искористување на аглите во кујната
|
|  |
| Рустикални кујни
Рустикалниот стил ги привлекува оние луѓе кои ги ценат традиционалните вредности вградени во мебелот, односно во кујнските елементи.
Основна карактеристика на рустикалните кујни се стилски обележја од минатите времиња, надополнети со квалитет и функционалност.
Ретро-изгледот на кујната многу често е резултат на рачна изработка, што и дава особеност. Исто така, со посебна обработка дрвото може да добие т.н. патина (“траг на времето”), иако се работи за потполно нови елементи.
Полното дрво со поединечни елементи од керамика или глина се типични материјали кои се употребуваат при изработка на рустикални кујни. Вратичките на кујнските елементи може да бидат од полно дрво кое е обработено на различни начини. На нив се поставуваат проѕирни, заматени или стакла во орнамент. Вратичките може да бидат и од перфорирано дрво, односно со отвори.
Работната површина на кујната се изведува од природен материјал – дрво или камен, со што се нагласува стилот кој е во директна врска со природата.
Рустикалната кујна денес е опремена со модерни апарати за домаќинство – ладилник, шпорет, рерна, вградена микробранова печка итн. Со избор и вградување на кујнски апарати со ретро-дизајн, рустикалниот ефект ќе биде постигнат во потполност.
Модерно конципираниот простор во рустикалната кујна нема да го загрози чувството на задоволство. Напротив, се добиваат интересни и атрактивни композиции на целината. Спојот на модерното и традиционалното ќе резултира со топол и шармантен простор во кој секој со задоволство ќе престојува, подготвувајќи или конзумирајќи вкусна храна.
Полното дрво е типичен материјал кај рустикалните кујни
Поради својата особеност рустикалната кујна може да биде дел од интериерното уредување на секој дом, било да се наоѓа на село, во приградска населба или во град. Рустикалниот стил може успешно да се комбинира со модерниот минималистички начин на уредување, на тој начин што се поставуват рустикални детали, како што се поеднинечни комоди, витрини, мали фотељи и сл.
Рустикалната кујна изобилува со шарм и топлина, па затоа многу често се изведува да биде просторна, поради што претставува омилено собиралиште на сите членови на семејството.
Пространата кујна претставува омилено собиралиште на целото семејство
Прозорци кои пропуштаат доволно сончева светлина, старински завеси кои покриваат само дел од прозорската површина, со типични нагласени мотиви и бои се елементи го надополнуваат рустикалниот амбиент на кујната.
За разлика од модерно дизајнираните кујни, рустикалната кујна е прилично отворена и ги открива теглите со различна содржина, керамичките садови, приборот за подготвување на храна, шишенца за зачини и сето останато што секојдневно се употребува во кујната. Сад со свежо овошје, како и вазна со свежо цвеќе, поставени на централната маса, ќе претставуваат вистински украс на просторот.
Рустикалната кујна е прилично отворена и ги открива теглите со различна содржина
Изборот на бои во кујната е работа на личен вкус и избор. Ограничувачки фактор може да претставуваат постоечките бои или материјали на ентериерот во кој треба да се вклопи новата рустикална кујна. Покрај ова, доколку нема доволно природно светло, пожелно е да се избере посветла боја за да се доживува кујната како попространа, посвежа и пожива.
Подните и ѕидните површини може да се обложат со разни типови на керамички плочки. Ѕидните површини интересно е да се збогатат со мозаик-плочки, кои особено добро се истакнуваат кога се поставени над шпоретот.
Ѕидните површини интересно е да се збогатат со мозаик-плочки
Идеален под е под од дрво, но треба да се внимава на неговиот квалитет и начинот на обработка поради зачестена изложеност на влажнење при негово одржување.
|
|