Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Минијатурни кујни



Во Западна Европа и САД, за минијатурни кујни, кои во само еден или два квадратни метри имаат сè што е потребно за подготвување на оброците, владее голем интерес. Мини кујните не се новитет на пазарот, но производителите ги усовршиле до тој степен што достигнуваат цена од 8000 евра и повеќе, а задоволните потрошувачи се подготвени да ја издвојат оваа сума.

Дизајнерите добро процениле дека за нив нема да бидат само заинтересирани оние кои живеат во мали станови, туку и оние на кои кујните им служат “за украс”.

За сите оние кои не сакаат да го отстапуваат просторот во домот за подготвување на храната, овие кујни се вистинскиот избор. Станува збор за модерни кујни, кои во себе ги содржат сите потребни елементи, од вграден фрижидер, рерна и плоча за готвење, машина за садови, до апарат за еспресо, аспиратор, вага и простор за чување на садовите.

Иновативниот дизајн и кружниот облик овозможуваат комоција и лесна употреба за корисникот. Долниот дел на кујната, каде што се сместени апаратите може да ротира до 180°, а горниот, каде што се чуваат садовите, 360°.

Една од наголемите предности на оваа кујна е можноста, кога не се употребува, да се склопи, со што се трансформира во украсен столб или плакар.