Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Заштитете ја кујната


Површината над работната плоча и под горните елементи во кујната треба да биде глатка заради полесно одржување, треба да биде отпорна на вода и не смее да биде запалива ако се наоѓа над плински шпорет - а покрај сето ова и убава.

Како да се удоволи на барањата за функционалност и естетика. Еве ги опциите кои се во игра:

Обоен ѕид

Ова е најефтина опција и се изведува во исто време и со иста боја како и остатокот од кујната. Во овој случај најчесто се користат акрилни бои. За да заштедите, ѕидовите над работните плочи кои не се во допир со вода може да ги оставите обоени како остатокот од кујната, додека со друг материјал можат да се заштитат ѕидовите над мијалникот или шпоретот.

Ламиниран ѕид

Едноставно и ефектно решение ако е рамен ѕидот и мазен. Ламинатот во овој случај се лепи директно на ѕид пред монтирање на елементите за да се избегне монтирање на ламинатот помеѓу работните плочи и елементите. Ако ѕидот не е рамен, ламинатот се лепи на mdf плоча која се фиксира директно на ѕид. Ламинатот може да биде со иста боја или дезен како работната плоча. Со употреба на ламинатот се добива целосно отпорна површина на вода и абење која патем и лесно се чисти и одржува.

Плочки

Користењето на керамички плочки за оваа намена е традиционален начин, а популарен е и денес, поради големиот избор на плочки на пазарот. Во овој случај единствен проблем можат да претставуваат фугите каде се апсорбира масло и мрснотии, а по одредено време потемнуваат и може да се појави и мувла. Опсегот на цените е голем во зависност од видот на плочките. Денес во кујните често се користат и мозаик плочките како украс, но и како заштита на ѕидовите над работните површини.

Камена облога

Каменот е скапа опција, но и ефектна. Работната плоча и ѕидот доколку се во иста боја и материјал, при нивно набљудување оддалеку се создава ефект на зголемување на кујната. Камените облоги, поради отсуство на фуги, полесно се чистат од плочките.

Стакло

Ѕидовите на кујната обложени со стакло се повеќе се употребуваат поради модерниот изглед и лесното одржување. Најчесто предната површина на стаклото се обојува, и се лепи на ѕид, а претходно се сечат дупки за утичниците. Се препорачува бело стакло кое не ја менува нијансата на бојата на ѕидот, а може и бело брусено стакло за маглест ефект. Поради повисоките температури над шпоретот, се препорачува стаклото да биде калено, од безбедносни причини. Кујната со вградено стакло изгледа фина и скапоцена, остава впечаток на чистота и глаткост, а чистењето и одржувањето е едноставно – како чистење на прозорец.