Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна

Елеганција на црно-белата кујна

Зошто е вечно популарна белата кујна?

Летна кујна

Patchwork плочки во кујната

Црвена боја во кујната

Тифани ламба

Клупа во кујната

Бело-сива кујна

Комбинирање на дрвото и мермерот во кујната

Полици на извлекување во кујна

Искористување на аглите во кујната

Доблести и предизвици на поткровјето



На многумина поткровјето им е омилен простор, доживувајќи го како ушушкано и пријатно катче кое оддава со топлина, но и мистериозност и посебност.

Факт е дека поткровјето има предуслови за најдобар поглед, најмалку прашина и бучава од сообраќајот. Ја нема и бучавата од соседите од горниот кат, како и шумовите од водоводните инсталации.

Сепак, поткровјето има свои карактеристични предизвици кои треба да се земат предвид за поквалитетно домување.

Во поткровјата има постуден воздух во зима и потопол во лето во однос на долните катови, што е особено изразено доколку е слаба изолацијата на кровот и ѕидовите.

Косините во просторот се предизвик во однос на искористувањето на просторот под нив во целост. Сепак, со правилен распоред на мебелот и употреба на елементи изработени по мерка и овој простор во голема мерка може да се искористи. Бидејќи движењето во овие подрачја е ограничено, елементите како фотелји, гарнитура за седење или креветот треба да се постават токму во овој дел од просторот.




Ганитурата за седење е поставена по косината, со што се ослободува друг простор каде движењето е непречено


Поткровјата многу често се помрачни од стандардните простории поради помалите прозорци и соодветната структура на просторот. Затоа, ѕидовите и таванот треба да бидат во светли бои – бела, беж, шампањ, светло кафена итн., поради фактот што истите повеќе ја рефлектираат светлината од темните бои.

Доколку е самостојно, централното осветлување нема да ги даде очекуваните резултати и ќе ги осветлува само деловите под него, поради косината, која го спречува растурањето на светлината. Во поткровјата точкестото осветлување со помош на повеќе расветни тела со помала јачина ќе овозможи осветлување по целиот простор. Подните и ѕидните ламби ќе го решат проблемот на ниските скриени делови и ќе ги доближат до остатокот на просторот.

Доколку во поткровјето владее чувство на теснотија, треба да се употребат смирувачки мотиви на цвеќе и зеленило, или пак прекривки и перници со весели мотиви кои ќе внесат живост и ќе создадат весел амбиент.




Точкесто осветлување обезбедува рамномерно осветлување на просторот