Уредување на мали простори:

Уметнички дела во мали простори

Париски стан од 25 квадрати

Мал стан од 18 квадрати во Ротердам

Француска гарсониера од 32 квадрати

5 соби во 30 квадрати

Визуелно зголемување на висината на просторот

Полукружна маса за заштеда на простор

Галерија на мали кујни

Како малата кујна да биде поголема

Гарсониера во Букурешт

Мал стан во близина на Москва

Пруги за мали простори

Мал стан во Тајван

Мал стан во Лондон

Создадете мала трпезарија

Микро-апартман во Харков

Галерија на убави мали балкони

Уредување на мал балкон

Елегантен стан во Бразил

Гарсониера во Украина

Мал стан на Менхетен

Стан од 29 метри квадратни

Максимално искористени 8 квадрати

Мебел за мали ходници од Sudbrock

Мал стан во Киев

Трпезариска маса под шанкот

Мал стан во Чешка

Гарсониера во Белград

Мал стан од 29 квадрати

Стан во Романија

Мал стан во Бразил

Мали трпезарии

Преградување на гарсониера

Мал стан во Њујорк

Елеганција и удобност во компактен стан

Мал стан во Сао Паоло

Тренди: мебел кој штеди простор

Уредување на мала бања

Мал стан во Сиднеј

Уредување на тесни простори

Мал стан во Шведска

Мал двор, голема оаза

Минијатурни кујни

Трикови за уредување на мала бања

Максимално искористување на тесната кујна

Десет идеи за заштеда на простор

Како максимално да се искористи просторот

Мал двор, голема оаза



Визуелно зголемување на висината на просторот



Повисоки тавани во просторијата нудат поголема пространост, поотворен и попријатен простор, наспроти чувството на теснотија и заробеност кое може да го создадат ниски тавани.

Постојат неколку постапки како визуелно во дадена ситуација да се добие илузија на повисоки тавани и попрозрачен амбиент.

Боја на таванот
Светла боја за таванот, односно кога таа е посветла од бојата на ѕидовите создава ефект на визуелно зголемување на висината на таванот. Доколку бојата на таванот е потемна од бојата на ѕидовите, се создава спротивен ефект, односно просторот визуелно се снижува.

Кога ѕидовите и таванот се во иста боја, се губи границата помеѓу нив, што исто така дава ефект на повисок таван.

Завеси
Доколку завесите се со должина до подот, тие визуелно ќе го извишат таванот. Овој ефект се засилува со зголемување на бројот на набори на завесите бидејќи тие ја истакнуваат нивната висина.




Огледала
Со внесување на големи огледала се внесува и дополнителна светлина во просторот што визуелно го подигнува таванот.

Низок мебел
Кога парчињата мебел се пониски, се зголемува односот на висината на таванот и висината на парчињата, а со тоа се создава визуелно зголемување на висината на таванот.

Вертикални елементи на ѕидовите
Доколку тапетите имаат вертикални пруги или вертикални ѕидни ламби, таванот изгледа повисок. Истиот ефект може да се постигне со поставување на полици или со горни кујнски елементи кои се протегаат до горе.