|
Уредување на мали простори:
Уметнички дела во мали простори
Париски стан од 25 квадрати
Мал стан од 18 квадрати во Ротердам
Француска гарсониера од 32 квадрати
5 соби во 30 квадрати
Визуелно зголемување на висината на просторот
Полукружна маса за заштеда на простор
Галерија на мали кујни
Како малата кујна да биде поголема
Гарсониера во Букурешт
Мал стан во близина на Москва
Пруги за мали простори
Мал стан во Тајван
Мал стан во Лондон
Создадете мала трпезарија
Микро-апартман во Харков
Галерија на убави мали балкони
Уредување на мал балкон
Елегантен стан во Бразил
Гарсониера во Украина
Мал стан на Менхетен
Стан од 29 метри квадратни
Максимално искористени 8 квадрати
Мебел за мали ходници од Sudbrock
Мал стан во Киев
Трпезариска маса под шанкот
Мал стан во Чешка
Гарсониера во Белград
Мал стан од 29 квадрати
Стан во Романија
Мал стан во Бразил
Мали трпезарии
Преградување на гарсониера
Мал стан во Њујорк
Елеганција и удобност во компактен стан
Мал стан во Сао Паоло
Тренди: мебел кој штеди простор
Уредување на мала бања
Мал стан во Сиднеј
Уредување на тесни простори
Мал стан во Шведска
Мал двор, голема оаза
Минијатурни кујни
Трикови за уредување на мала бања
Максимално искористување на тесната кујна
Десет идеи за заштеда на простор
Како максимално да се искористи просторот
Мал двор, голема оаза
|
| |
| Уредување на тесни простори
Дом со совршено правилни простории, со што поголема квадратура и на совршена локација е желба на секого. Сепак, во реалноста најчесто не е така и поради тоа се потребни компромиси. Ако живеете во дом со долги и тесни простории, научете како да го опремите. Без разлика дали станува збор за дневна соба, кујна, бања или ходник, постојат начини како паметно да се искористи просторот.
Дневна соба
Тесните, долги дневни соби претставуваат вистински предизвик при уредувањето на просторот бидејќи никој не сака да престојува во просторија која по форма потсетува на купе или патека за куглање.
Токму поради ова, ваквата соба не треба да се разгледува како една целина, туку како простор кој треба да се подели на помали зони.
Без разлика дали станува збор за ѕидови или за плакари, не треба да се посегнува по прегради бидејќи далеку подобар ефект ќе постигнете со групирање на мебелот и со употреба на различни нијанси на една до две бои. Ставете фокус на централниот ден од собата и тука организирајте го главниот простор за седење. На едниот крај од простор може да се постави, на пример, фотелја и полица за книги, а на другиот работно катче.
Кујна
Без оглед каков е обликот и димензијата на кујната, таа многу често е најпријатното место во станот. Дури и мала, тесна праволиниска кујна може да изгледа модерно, функционално, па дури и елегантно. Сите елементи и белата техника поредете ги по должината на едниот ѕид, имајќи го предвид “патот на храната”. Ова златно правило го определува идеалниот распоред: фрижидер – мијалник – работна површина – шпорет.
Ако сакате да го одвлечете вниманието од обликот на просторот, определете се за поатрактивен дизајн на кујнските елементи, збогатете го со интересни апарати, садови, крпи .... Тоа може да ја направи кујната омилено катче во домот.
Бања
Малата бања делува топло, ушушканo и интимно, но само ако во нејзиното опремување ја вложите својата креативност и ако внимателно ги одберете санитариите, ѕидните и подните плочки. Туш кабината со стаклени врати и мијалник со постолје идеално ќе се вклопи во тесната бања, како и високите полици.
На ѕидот задолжително поставете големо огледало и добро осветлете го просторот за да изгледа поголем, а ако додадете по некој бамбус, ќе добиете своја спа оаза.
Ходник
Долг и тесен ходник се среќава во скоро секој втор стан. За да го направите што попријатен, долж ходникот ставете интересни детали како што се големи, разнобојни слики, тесни комоди со атрактивна вазна за цвеќе. Семејните фотографии ставете ги во различни рамки и распоредете ги во правилни растојанија по должината на ѕидот, а под нив ставете мала масичка со столица. И огледалото е одличен детаљ бидејќи создава илузија на длабочина на просторот.
Вака поделениот простор ќе изгледа елегантно и потопло. Ѕидовите обојте ги во светли, топли и неутрални бои, а самиот крај на ходникот во значително потемни нијанси. Осветлувањето треба да биде силно.
|
|