| Уредување на бања:
Совети за уредување на бањата
Осветлување на бањата
Чување на предмети во бањата
Кадата - господарка на просторот
Трикови за уредување на мала бања
Бои во бањата
Избор на мијалник
Егзотика во вашата бањa
Совети за избор на туш-кабина
Задоволство во обична бела бања
Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?
Бања по мерка на децата
Уредување на мала бања
Цветни мотиви во бањата
Детали во бела бања
Рустикални бањи
Бања со нов сјај
Совети за избор на плочки во бањата
Типови на туш кабини по мерка
Полици во бања
Совети за безбедна бања
Дали тапети и во бањата?
Живи бои за мала бања
Грешки при избор на плочки за бања
Големо огледало во бањата
Плочки за интригантна бања
|
| |
| Уредување на мала бања
Во становите неретко се случува просторот наменет за бањата да биде со мала површина. Сепак, и малата бања може да биде доволно функционална и пространа доколку се обрне внимание на неколку работи:
• Во мала бања поставете туш кабина, која ќе зафаќа помалку простор отколку класичната када, а притоа проѕирната стаклената врата ќе дава илузија на поголем простор. Поставена во аголот, туш кабината е добар избор за мали бањи.
• Кога станува збор за избор на машина за перење алишта, машините со горно полнење се погодни за мали бањи бидејќи се потесни, а и вратата не зафаќа дополнителен простор.
• За складирање на предметите во малите бањи најдобро решение се полиците од подот до таванот, каде што ќе може да ги одложите сите потребни работи. Притоа дел од полиците добро е да бидат затворени. Исто така, висечките орманчиња се одлично решение за складирање на предметите.
• Доколку се определите за скриено, односно вградено казанче во ѕидот, исто така ќе заштедите простор, а и визуелно ќе го ослободите амбиентот.
• Во малата бања избегнувајте темни бои. Плочките или ѕидот нека бидат во посветла боја - на пример, може да поставите бели плочки кои на средината ќе имаат бордура во живи бои.
• Погрижете се бањата да биде добро осветлена, бидејќи слабото осветлување создава чувство на теснотија.
• Поставете поголемо огледало во малата бањата кое визуелно ќе ја зголеми бањата.
• За крај, избегнувајте чување на непотребни ситници во бањата, со што ќе спречите просторот да стане уште помал.
|
|