За да внесете освежување во вашата бања не е неопходно менување на плочките или санитариите. Доволно е да се внесат или променат некои детали, и таа да блесне во нов сјај.
Ново огледало, или старото огледало во нова рамка, е еден од најдобрите начини како да ја освежите вашата бања.
Нови интересни полици, покрај визуелниот ефект, ќе ви овозможат и дополнителен простор за складирање во бањата.
Мобилни столчиња кои се монтираат на кадата може да послужат и како држач за книга или чаша со пијалак.
Држачот за сапун е еден од деталите во бањата со кои на лесен начин може да внесете нов дух во бањата.