Уредување на бања:

Совети за уредување на бањата

Осветлување на бањата

Чување на предмети во бањата

Кадата - господарка на просторот

Трикови за уредување на мала бања

Бои во бањата

Избор на мијалник

Егзотика во вашата бањa

Совети за избор на туш-кабина

Задоволство во обична бела бања

Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?

Бања по мерка на децата

Уредување на мала бања

Цветни мотиви во бањата

Детали во бела бања

Рустикални бањи

Бања со нов сјај

Совети за избор на плочки во бањата

Типови на туш кабини по мерка

Полици во бања

Совети за безбедна бања

Дали тапети и во бањата?

Живи бои за мала бања

Грешки при избор на плочки за бања

Големо огледало во бањата

Плочки за интригантна бања

Кадата - господарка на просторот



Кадата не е важна само поради својата хигиенска функција. Таа е производ кој е наменет за наше уживање. Во неа се опуштаме, минуваме пријатни моменти во топлата вода, можеби ароматични масла, во неа се ослободуваме од стресот.

Но, која када е најдобра и најфункционална ако се земе предвид нејзината намена?


Доколку ја уредувате бањата, важно да се обрнете внимание на обликот на кадата, како и на стилот. Дали се вклопува избраната када во бањата?

Во бањите најчесто се среќаваат стандардните правоаголни кади , кои лесно се сместуваат во просторот, најчесто до ѕидот на бањата. Овие кади најчесто се сретнуваат во малите бањи.




Нешто со поспецифичен облик е стеснетата када која е обликувана така заради вклопување во тесниот и мал простор. Овие кади се пошироки во пределот каде што се тушираме, те каде што се стои. Тие се особено практични за мали простории бидејќи искористувањето на просторот е најголемо.

Денес многу често во продавниците за санитарија се среќаваат аголни кади кои првенствено се осмислени за максимална искористливост на просторот.




Од друга страна, овие кади делуваат многу ефектно, но за нив мора да имате простана бања.


Сепак, меѓу најубавите кади се тркалезните. Овие кади делуваат топло и во просторот каде што се сместени делуваат како господарки на просторот.




Доколку сакате да имате ваква када во бањата треба да имате предвид дека побарува поголем простор.


Секако, современиот дизајн и технологијата итаат напред, па така е и со кадите. Постојат кади со посебен облик, материјал, но и намена: седечки, длабоки, дрвени, но и вртложни кади, те најмодерни под името хидромасажни.

Овие кади се создадени за опуштање после напорниот работен ден. Млазниците на овие кади делуваат многу стимулирачки на организмот : ja потикнуваат циркулацијата, зацелуваат, ги релаксираат мускулите и вкочанетите зглобови.




Денес постои голем избор на модели на кади и практично тешко е да се избере онаа вистинската. Секоја е на свој начин посебна. Затоа за да ги избегнете проблемите при купувањето размислете за основната функција на вашата када.




Што барате од кадата : опуштање и уживање во пената и пријатните мириси или само краткотрајно туширање? Доколку знаете што сакате, полесно ќе се одлучите за типот што ви одговара.


И додека господарката на просторот царува, се прашуваме во кој правец ќе се движи нејзиниот развој во иднината? Веројатно одговорот води кон префинети кади, со нов облик на млазниците, некое совршенство кое се граничи со максимална релаксација.