
За разлика од другите елементи во бањата, кои можат релативно брзо да се променат, поставувањето или промената на плочките бара поголем зафат. Притоа, тие имаат и најголем удел во севкупниот изглед на бањата.
Еве неколку совети како да не се направи превид при изборот на плочки во бањата.
Грешка 1: претемни плочки за мали бањи
За помалите бањи секогаш треба да се одберат посветли плочки заради визуелно зголемување на просторот. Притоа белите и беж плочките се најсигурен избор доколку се плашите дека ќе погрешите. Во услови на дамки од варовник кои се појавуваат кога капките вода ќе се исушат на плочките, тие ќе бидат помалку видливи на посветлите плочки, а кај белите се практично невидливи.
Грешка 2: големи плочките во мала бања
Доколку станува збор за уредување на помала бања, треба да се одлучите за помали плочки. Во спротивно, доколку на пример, на подот на мала бања се постават преголеми плочки, ќе се добие ефект на пештера.
Грешка 3: голем број на различни бои и дезени на плочки
Препорачливо е во бањата да се присутни најмногу три различни дезени или бои на плочките, за да не дојде ситуација до преголем број на мотиви на мал простор и потенцијален визуелен хаос.
Грешка 4: ѕидни плочки на под
Ѕидните плочките, кои наменети за поставување на ѕид, полесно пукаат, па затоа не треба да се поставуваат на подот на бањата. Доколку се посјајни, претставуваат и дополнителна опасност за лизгање и падови. На подот поради безбедноста треба да се поставуваат подни плочки со потребна рапавост за да се спречат незгоди.