Уредување на бања:

Совети за уредување на бањата

Осветлување на бањата

Чување на предмети во бањата

Кадата - господарка на просторот

Трикови за уредување на мала бања

Бои во бањата

Избор на мијалник

Егзотика во вашата бањa

Совети за избор на туш-кабина

Задоволство во обична бела бања

Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?

Бања по мерка на децата

Уредување на мала бања

Цветни мотиви во бањата

Детали во бела бања

Рустикални бањи

Бања со нов сјај

Совети за избор на плочки во бањата

Типови на туш кабини по мерка

Полици во бања

Совети за безбедна бања

Дали тапети и во бањата?

Живи бои за мала бања

Грешки при избор на плочки за бања

Големо огледало во бањата

Плочки за интригантна бања

Егзотика во вашата бања


Поради големиот процент на влага, бањите се одлично место за собни растенија.

Многу собни растенија се со тропско потекло и им е потребно поголемо количество влага. На повеќето растенија им годи 80% влажност на влага во воздухот, а во просек во секој дом има околу 20 – 60% влажност.

Поради фактот што бањата е највлажното место во домот, растенијата кои ја сакаат влагата извонредно успеваат во неа. Затоа, бањата е извонредно место за тропски растенија.


Треба да се внимава каде ќе се постават растенијата со цел да се заштитат од прскање на тушот, пареа, шампони и сапуни кои може да им наштетат на листовите.

Во зависност од условите во бањата, се препорачуваат различни растенија.

Доколу во бањата има многу светлина, чувајте орхидеја, азалеја, гарденија или Asparagus.

Постојат и неколку собни растенија кои растат и во услови на слаба светлина. Meѓу нив спаѓа и аспидистра (Aspidistra elatior), папрат, Nephrolepis exaltata, бамбус, Spathiphyllum, Begonia, Aglaonema и филадендрон со срцовидни листови (Philodendron oxycardium).



Доколку нема воопшто природна светлина може да се чува Dieffenbachia или сансeверија (Sansevieria trifasciata).




Доколку сте во можност, поставите висечки саксии на таванот, кои ќе изгледаат исклучително декоративно.


Еве неколку растенија кои се препорачуваат за одгледување во бањата:

Филадендрон: овие каскадни растенија лесно се одгледуваат и идеални се за висечки саксии.

Фикус: фикусот бенџамин извонредно успева во саксии во бањата.

Бамбус: ова растение извонредно успева на влажни места.

Покрај овие, извонредно успеваат и папратите, клорофит (зелен лилјан), украсната шпарога (Asparagus plumosus), бегонија, орхидеја, гарденија и собна лоза (Cissus rhombifolia).