,-script> }!--[if lte IE 6]>
Уредување на бања:

Совети за уредување на бањата

Осветлување на бањата

Чување на предмети во бањата

Кадата - господарка на просторот

Трикови за уредување на мала бања

Бои во бањата

Избор на мијалник

Егзотика во вашата бањa

Совети за избор на туш-кабина

Задоволство во обична бела бања

Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?

Бања по мерка на децата

Уредување на мала бања

Цветни мотиви во бањата

Детали во бела бања

Рустикални бањи

Бања со нов сјај

Совети за избор на плочки во бањата

Типови на туш кабини по мерка

Полици во бања

Совети за безбедна бања

Дали тапети и во бањата?

Живи бои за мала бања

Грешки при избор на плочки за бања

Големо огледало во бањата

Плочки за интригантна бања

Чување на предмети во бањата



Просторот за чување на разновидни предмети во бањите често е ограничен, па затоа потребно е добро планирање и избор на соодветни елементи во бањата за таа намена.

Празните ѕидови во малите бањи можат одлично да се искористат за чување на работи со елементите со полици. Полиците и ѕидните ормарчиња го ослободуваат подниот простор и секој предмет е на дофат на раката, во видно поле, приближно во висина на очите.

Елементите со полици можат да бидат отворени, во кои можат да се чуваат убавите шишенца и садови, и затворени, во кои треба се чуваат разни хигиенски препарати и лекови кои треба да бидат далеку од погледот и дофатот на малите деца.


Притоа, изборот на елемент со стаклени полици и врата делува попрозрачно и визуелно го олеснува просторот. Избегнувајте длабоки полици, во кои работите ставени на крај тешко се дофаќаат и често се забораваат. За подобра манипулација помалите предмети треба да бидат поставени пред поголемите.

Пешкирите, тоалетните препарати, приборот за нега на косата или козметиката може да бидат сместени и во количка на три ката со отворени полици. Ваквата количка може лесно да се придвижува таму каде што е потребно. Доколу преферирате оваа количка може да биде и затворена.


Во малите бањи добро решение се и вградените и самостојните мијалници кои во себе имаат простор за чување на работи.

Добро е кога полиците можат да се подесат по висина, за да се прилагодат на разните пакувања на козметика и прибор. Малите предмети добро е да се ставаат во садови за да не паѓаат при отворање на вратата. Исто така е битно да се има слободен пристап до водоводните инсталации, а појавата на евентуално прокапување треба веднаш да се спречи за да не дојде до оштетување на елементот.

Кај врата на ормарчето која е прекриена со огледало, затворањето со рачки најдобро е да биде заменето со магнет. На тој начин се добива голема чиста површина која создава впечаток на дополнителна светлина во просторот.


Купчето уредно сложени пешкири во бањата изгледа одлично, но сепак повремено треба да се проветруваат за да не навлечат влага и да не почнат да трулат.