
За да се направи забавна и сигурна бања за децата, едноставно треба при уредувањето да се обрне внимание на некои основни принципи. Еве неколку совети како да го постигнете ова:
• За да зачувате некои работи надвор од дофат на детето, ставете заштитни брави на орманчињата;
• Внимавајте околу кадата и мијалникот да нема остри ивици;
• За да капењето биде побезбедно, одберете када со заоблени ивици која ќе може децата со своите мали раце цврсто да ја фатат при влегувањето и излегувањето;
• На ѕидот поставете дршка за која децата ќе може да се држат додека стојат, а на дното од кадата поставете гумена простирка која ќе го спречи лизгањето;
• Изберете под во бањата којшто не е лизгав;
• Да се измијат забите или рацете за децата може да биде тешко, доколку чешмата е тешко достапна. Набавете степеници кои ќе бидат цврсти, кои нема да може да се превртат и кои по потреба ќе може да се поместат. Ова ќе ги поттикне децата самостојно наутро и навечер да се измијат.
• Поради студената бања децата ќе се противат на капењето. Топлината, миризливите пешкири и играчките ќе помогнат да се совлада стравот од капењето;
• Одберете под во бањата на кого нема да му пречи истурена вода, но ќе биде доволно мек и топол за да може децата по него да чекорат боси;
• За да капењето биде позабавно, дозволете им на децата, со ваша помош, да ги декорираат плочките околу кадата со налепници. Така, бањата станува многу поинтересна за нив.

• Набавете играчки кои ќе го направат среќни вашето дете при капењето.