Поради нејзината функција за одржување на лична хигиена, тврдиот под во бањата во бањата честопати е и лизгав и опасен, без разлика дали претходно бил наводенет или ние сме го наводениле со нозете после капењето, миењето раце и сл.
За илустрација, според Националниот совет за безбедност во САД, од околу 200.000 повреди кои се случуваат годишно во таа држава во домот, 70% се случуваат во бањата.
Еве неколку совети кои може да ги примените за поголема безбедност во неа:
- Подни плочки кои имаат текстура се побезбедни од мазните плочки. При набавката, обрнете внимание на оваа особина на подот во бањата.
- Поставете простирки во бањата кои нема да бидат подвижни, односно кои ќе бидат прицврстени со двострана леплива лента.
- Одржувајте го подот сув во бањата за да се спречи создавање лизгава површина.
- Може да поставите држачи кои ќе го олеснат влегувањето и излегувањето од кадата, кога се случуваат голем број на незгоди, особено при излегувањето поради влажните стапала.
- Бањата треба да биде добро осветлена, за да може добро да ги забележите евентуалните опасности за незгода.
- Поставете столче во кадата на кое може да се седи додека се капете.
- За крај, кога сте во бањата не брзајте. На тој начин значително ќе ги намалите шансите да ви се случи незгода.