| Уредување на бања:
Совети за уредување на бањата
Осветлување на бањата
Чување на предмети во бањата
Кадата - господарка на просторот
Трикови за уредување на мала бања
Бои во бањата
Избор на мијалник
Егзотика во вашата бањa
Совети за избор на туш-кабина
Задоволство во обична бела бања
Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?
Бања по мерка на децата
Уредување на мала бања
Цветни мотиви во бањата
Детали во бела бања
Рустикални бањи
Бања со нов сјај
Совети за избор на плочки во бањата
Типови на туш кабини по мерка
Полици во бања
Совети за безбедна бања
Дали тапети и во бањата?
Живи бои за мала бања
Грешки при избор на плочки за бања
Големо огледало во бањата
Плочки за интригантна бања
|
| |
| Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?
Брзиот начин на живот и недостатокот на слободно време го истиснуваат старото добро лежење во кадата, иако уживањето во топлината на релаксирачката купка вреди здравје.
Доколку се двоумите дали во вашата бања, голема или мала, да ставите туш-кабина или када, еве неколку карактеристики на овие два елемента, со цел да донесете полесен избор.
Туш-кабинa
Доколку имате мала бања, туш-кабината е идеално решение за максимално искористување на просторот. Како предности на туш-кабината трговците ја наведуваат и значително помалата потрошувачка на вода, поради покусото задржување во кабината. Определете се за туш-кабина со пескарено стакло кое е полесно за одржување, на кое после туширањето нема да се гледаат водените траги.
Денес во продавниците за санитарија може да се најдат најразлични хидромасажни туш-кабини кои освен осветлувањето, имаат и радио, масажер за стапала, приклучок за телефон и МП3 плеер. Најчесто се достапни во квадратна и полукружна форма.
Туш-кабините имаат и свои недостатоци: доколку имате мало бебе, неговото бањање ќе биде значително отежнато. Исто така, рачното перење на алишта во плитката туш-када од кабината е проблематично.
Кадa
Изборот на кади на пазарот, во однос на бои и форми е широк, но најзастапена е правоаголната када. Таа лесно се поставува, а во неа може да се протегнете и да уживате.
Кога е стеснета на едниот крај, претставува практично решение за мали бањи, бидејќи во тој дел може да се постави мијалник, кој непречено ќе го користите, без притоа да се удирате во кадата. Поради лесното и брзо одржување најпопуларни се акрилните кади, каде што евентуалните оштетувања не се видливи, за разлика од емајлираните кади. Кадите се достапни и во вид на џакузи, со разни масажери, како и во форма на мини базени во домашните спа центри.
|
|