Доколку сакате да внесете нов дух во дневната соба без големи интервенции, еве неколку совети како на брз начин може да внесете нов освежен амбиент и да ја разбиете монотонијата.
Еден од нив е со доколку ги обоите рамките од сликите во боја која е во слад или пак во контраст со сликата. Ефектот е уште посилен доколку ја обоите со боја со висок сјај, со што ќе се внесе доза на драматичност во ентериерот.
Фолиите за прозорците со мотиви на текст и графика може да го направат интересен и атрактивен ефект во просторот. Вашиот омилен цитат, песна или текст во оваа насока може да биде и дел од вашето огледало.
За нов изглед на дневната соба внесете нови светли детали за неутралните перничиња, или пак јарки за сивите, темносините или црните.