Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Трендови на уредување во 2018 година



Доколку планирате да направите одредени промени или освежување на домот, еве неколку насоки што е актуелно во 2018 година кога станува збор за уредување на ентериерот.

Галериски ѕид, односно повеќе слики поставени на него, е дефинитивно популарен елемент во најновите трендови во 2018 година.




Терацото како подна облога оваа година е во тренд. Таа беше популарна во седумдесеттите, а сега е повторно „ин“. Станува збор за мазна подлога која најчесто се состои од парчиња мермер и стакло поставени на свежа бетонска површина. После сушењето се бруси и се поставува заштитен слој. Мотивот на терацото исто така е застапен во уредувањето на кујните, бањите и други простории.




Користењето на метални нијанси и материјали и понатаму е во тренд, како на бакарот, месингот, среброто и други, а особено нивното комбинирање.




Кога станува збор за бањите, тие наликуваат на спа центри, со растенија, клупи и несекојдневни кади.




Украсувањето на таванот, со боја или со текстура е актуелно во новите трендови.




Растенијата со шари на листовите се многу актуелни кога станува збор за изборот на растенија во домот.