| Трендови: (написи)
Саем на керамика Cersaie 2019
Трендови на уредување од Келн 2019
Саем на мебел Келн 2019
Бојата на 2019 во ентериерот
Боја на годината за 2019
Максимализам на бои
Честерфилд софи во тренд
Сепиа ентериери во тренд
Саем на мебел Милано 2018
Високи лајсни во тренд
Трендови кај керамичките плочки во 2018
Трендови на уредување во 2018 година
Саем на мебел Келн 2018
Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година
Палети бои во тренд за 2018
Румено-бакарна боја
Цветни мотиви
Клупата е повторно актуелна
Модерни подни ламби
Хромотераписки туш
Трендови во уредување на спалната соба
Трендови: "vintage print"
Трендови во уредување на дневната соба
|
|  |
| Трендови: клупата е повторно актуелна
Некогаш била неизоставен елемент во ентериерот, за потоа да биде “неправедно исфрлена” само во дворовите и терасите. Оваа сезона светските декоратери ја враќаат клупата на голема врата во домовите. Се произведуваат во сите бои и облици, со што може да се вклопат во било која просторија.

Екстравагантните материјали и облици се наменети за модерните амбиенти, додека клупите од дрво и ковано железо одлично се вклопуваат во класичните стилови.
Клупата, како мултипрактичен елемент не зазема многу простор, може да се смести до ѕидот или во централниот дел на собата.
Нејзината основна функција е да обезбеди дополнителен простор за седење, па така таа најчесто се јавува како дел од дневната соба или трпезаријата.
Влезот во домот многу често е тесен, па затоа е потребен дополнителен простор за пресоблекување, одложување на облеката, чантите, чадорите и слично. Убава и практична клупа со помали димензии во претсобјето значително ќе ги олесни овие активности, притоа не земајќи премногу простор.
Слична функција може да има и во спалната соба, па затоа често се поставува до долниот дел на креветот. На неа може да седите, да се пресоблекувате, да одложите постелнина, облека или послужавник, доколку сакате утринското кафе да го пиете во вашиот кревет.
Клупите одлично се вклопуваат и во детските соби. Горниот дел, со наслонот или без него, може да се искористи за седење, за поставување на декоративни перничиња, кукли и играчки, додека долниот дел е погоден за сместување на кутии со книги, играчки, спортски реквизити и слично. На тој начин, децата во собата добиваат повеќе простор игра и дружење.
Доколку имате доволно простор во вашата бања, може да внесете мала клупа која стилски ќе се вклопи во амбиентот.
Современите производители на грејни тела произведуваат клупи со грејачи, кои во студените денови емитуваат пријатна топлина и служат за сушење на пешкирите, додека во летото се погодни за одлагање на предмети и за седење.
|
|