Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Трендови: “vintage print”



Доколку во последни време сте посетиле некоја од продавниците за декоративни предмети за домот во некоја од светските метрополи, веројатно сте забележале дека во тренд е “vintage print”, односно делови од покуќнината кои биле во тренд во педесеттите години од дваесеттиот век. Садовите за чување на намирници, шолји, кутии, послужавници, како и помали парчиња мебел се отсликуваат со фотографии, постери, страни од модни списанија или дневни весници, така да на момент делуваат како рекламен материјал.

Овој начин на украсување последните години е хит во светот. Предметите за куќата насликани со ваков принт делуваат атрактивно и интересно, а добро се вклопуваат во скоро секој амбиент.




Посебно се препорачуваат за во кујната и бањата, како контраст на еднобојните елементи. Винтиџ постерите ефектно делуваат на ѕидовите. Призорот на топло кафе и печиво може совршено да се вклопи со останатите елементи од трпезаријата, а гардероберот или ѕидот на спалната соба може да го украсите со романтична сцена од познат љубовен филм.