Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Кадифето е „ин“



Ткаенините имаат силна улога во создавањето на посакуваниот амбиент во просторот. Разликата во текстурата и структурата на материјалот создава различни визуелни ефекти и чувство на допир кои различно влијаат на нашето расположение, особено кај ткаенините на парчињата мебел со кои поминуваме многу време во текот на денот, како што е, на пример, гарнитурата за седење.




Овогодишните трендови го внесоа кадифето како една од најважните ткаенини во ентериерот.

Кадифето е исклучително мека и пријатна на допир ткаенина. Може да биде изработено од свила, памук или волна, вештачки влакна или комбинација од природни и вештачки влакна. Најценето е свиленото кадифе кое потекнува од 14 век од Индија. Кадифето како ткаенина создава интересен визуелен метализирачки ефект на светло и сенка.




Со него може да биде преслечена целата гарнитура, но може да се употреби и како материјал во делови од истата, фотелјата или перничињата.

Поради елеганцијата е одличен материјал за спалната соба, како и за изработка на екстравагантни парчиња мебел.




Кадифето е визуелно динамично и нагласено, па затоа одлично се комбинира со материјали со мат завршница, со што се добива интересна игра на светлото и сенката.