Розовата Rose Quartz and сината Serenity (анг. спокојство) се боите за 2016 година на Pantone институтот. Тие поседуваат посебна енергија која им овозможува да создадат уникатен простор кога се во комбинација. Нежната розова која создава смиреност и небесно сината, која нуди одмор и релаксација, взаемно надополнувајќи се, создаваат лесен, прозрачен амбиент за пријатни мигови.