Поради својата ненаметливост и префинетост, сепиа боите практично може да се применат во било кој простор, а се карактеризираат со чувство на лежерност, создавајќи амбиент во кој може да се опуштите. Со нив одлично одговараат чисти линии кои создаваат опуштена атмосфера.
Главна карактеристика за сепиа стилот е белата боја која оди во комбинација со окер жолта, бронзена кафена, маслинесто зелена, теракота. За овој стил е карактеристично предимството на природните материјали и посветли бои. Одлично прилега на постари куќи во cottage стил, а дава посебен шарм и топлина и во урбаните простори.