| Трендови: (написи)
Саем на керамика Cersaie 2019
Трендови на уредување од Келн 2019
Саем на мебел Келн 2019
Бојата на 2019 во ентериерот
Боја на годината за 2019
Максимализам на бои
Честерфилд софи во тренд
Сепиа ентериери во тренд
Саем на мебел Милано 2018
Високи лајсни во тренд
Трендови кај керамичките плочки во 2018
Трендови на уредување во 2018 година
Саем на мебел Келн 2018
Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година
Палети бои во тренд за 2018
Румено-бакарна боја
Цветни мотиви
Клупата е повторно актуелна
Модерни подни ламби
Хромотераписки туш
Трендови во уредување на спалната соба
Трендови: "vintage print"
Трендови во уредување на дневната соба
|
|  |
| Трендови: цветни мотиви
Цветните мотиви повторно се хит во уредувањето на ентериерите, внесувајќи со себе ведрина и радост во просторот. Ги има на секаде – на гарнитурите за седење, фотелјите, завесите, ѕидните и подните облоги ...

Цветните мотиви може да бидат и основна тема во дизајнот на мебелот. Во облик на цвет се изработуваат заглавија за креветите, наслони на столовите, фронталните површини на мебелот, теписи ... Во спалната соба цветните мотиви најлесно може да се внесат преку избор на цветна постелнина или прекривки, кои доколку ви здодее дезенот може да ги замените со други.
Доколку се определите за тепих со цветен дезен, добро е мебелот да е еднобоен и минималистички.
Доколку имате фотелја која е преслечена со ткаенина со цветни мотиви, тогаш може да се определите за еднобоен тепих, кој може да биде и во форма на цвет. Шарениот тепих поставете го во трпезарија, најдобро е под стаклена маса, која ќе овозможи да биде воочлив.
Со цветен мотив може да се украси и бањата, особено денес кога на пазарот се нудат најразлични керамички плочки со цветни мотиви, како подни, така и ѕидни. Сепак, доколку бањата е многу мала, не треба да се претерува. За ваква бања соодветен е поистакнат мотив кој се појавува како детаљ или украсни плочки кои се поставени на одредена висина, како лента.
За дневната соба може да се постави и табуретка со цветен мотив, која ќе ја следат и перничиња со истиот мотив.
|
|