| Трендови: (написи)
Саем на керамика Cersaie 2019
Трендови на уредување од Келн 2019
Саем на мебел Келн 2019
Бојата на 2019 во ентериерот
Боја на годината за 2019
Максимализам на бои
Честерфилд софи во тренд
Сепиа ентериери во тренд
Саем на мебел Милано 2018
Високи лајсни во тренд
Трендови кај керамичките плочки во 2018
Трендови на уредување во 2018 година
Саем на мебел Келн 2018
Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година
Палети бои во тренд за 2018
Румено-бакарна боја
Цветни мотиви
Клупата е повторно актуелна
Модерни подни ламби
Хромотераписки туш
Трендови во уредување на спалната соба
Трендови: "vintage print"
Трендови во уредување на дневната соба
|
|  |
| Трендови: хромотераписки туш
Новата линија на тушеви на италијанскиот производител Висентин содржи ЛЕД осветлување кое е поставено во главата на тушот. На тој начин чувството на уживање е надополнето со хромотерапиското дејство на боите.
Хромотерапија претставува лечење со бои, а се темели на влијанието на боите на физичкото и психичкото здравје на луѓето и се применува, меѓу другото, и преку уредувањето на животната околина.
Познат е фактот дека хромотераписките кади се користат во здравствените установи поради нивното исцелително влијание.
Компанијата Висентин е специјализирана за дизајн на бањи за здравје и општа состојба. Терапевтските ЛЕД светла вградени во главата на тушот нудат туширање во боите на виножитото – меѓу боите се вклучени подмладувачката портокалова, регенеративната бела, релаксирачката сина, лековитата розева и освежувачката зелена.
Освен хромотерапиското дејство, ЛЕД осветлувањето има и исклучително практична улога која ја овозможува осветлувањето што се добива од тушот. Кружните глави на тушот имаат пречник од 43 cm и се монтираат на таванот, со што во бањата делуваат чисто и модерно.
|
|