Уште на самиот старт од секоја година, во германскиот град Келн се одржува престижниот саем на мебел, кој е своевидна
најава за трендовите кои ќе доминираат во текот на годината. Саемот се одржа во периодот од 15-20 јануари 2019 на вкупна површина од 240.000 квадратни метри. На него земаа учество 1250 изложувачи чии штандови беа посетени од преку 127.000 посетители. Еве дел од експонатите на саемот во Келн: