Декорирање на домот:

Омбре новогодишни елки

Совети за употреба на мотиви

Совети за декорирање со пруги

Декорации на скали со цвеќе

Внесување на карирани елементи во домот

Убавината на рефлектирачкиот мебел

Галериски ѕид

Големи ѕидни часовници

Идеи за новогодишно украсување на мал стан

Украсена новогодишна трпеза

Идеи за новогодишна елка

Плочки со геометриски форми

Сјајот на летото во домот

Збогатен минимализам

Декорации за Велигденските празници

Комбинирање на мотиви во ентериер

Идеи за велигденско украсување

Декорација на просторот со растенија

Скалите како украс во домот

Новогодишни украси на трпезата

Новогодишни декорации со тегли

Совети и идеи за новогодишни декорации

Декорaција на столбови

Декорации за Велигденските празници

Декорација со гранки

Новогодишно декорирање на влезната врата

Новогодишно декорирање на мали простори

Стилови на украсување на елка

Галерија на новогодишни украси

Декорирање на клуб маса

Домот во есенско руво

Декорација на скали

Ретро детали

Колаж од фотографии на ѕидот

Печатење на сликарско платно

Зебра мотив

Тапети и ткаенини во склад

Домот во велигденско руво

Мурали во темница

Декорации со коноп

Како да ја украсите новогодишната трпеза

Прозорци во новогодишно руво

Декорации за новогодишните празници

Креативна декорација на ѕидовите

Боите на есента во ентериерот

Обоени дрвени подови

Маски за радијатор

Трпеза во Велигденски сјај

Велигденски амбиент

Новогодишнo украсување со светилки

Новогодишни украси

Декорации кои греат во студената зима

Весела кујна

Есенски декорации со тикви

Детали во бела бања

Декорација со оригами

Комбинирање на перничиња

Цветни мотиви во бањата

Интарзија како украс

Тулa во ентериерот

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Велигденско украсување

Пепито мотив

Како да се изложи цвеќето

Осветлени полици

Разубавете ги полиците

Светлината во најдолгата ноќ

Новогодишно декорирање на прозорците

Новогодишни декорации во трпезаријата

Прекрасни новогодишни елки

Декорација со букви

Убавината на есента во домот

Каро мотивот во ентериерот

Ѕидови бојадисани со мотиви

Графит на ѕид во домот

Рустични детали за топлина во кујната

Декорации на трпезата за Велигден

Велигденски декорации

Декорирање со географија

Прозорците во новогодишно руво

Новогодишни декорации на трпеза

Декорации на новогодишна елка

Новогодишни декорации

Старите комоди со нов сјај

Алтернатива за традиционалните завеси

Убавината на подните ламби

Шармот на дрвените греди

Ковано железо во ентериерот

Повторувањето како елемент во уредувањето

Аранжирање на трпезариска маса

Внесете боја со перници

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Новогодишно декорирање на прозорците

Аранжирање на декоративни предмети

Идеи за новогодишни декорации (прв дел)

Идеи за новогодишни декорации (втор дел)

Идеи за украсување на новогодишна трпеза

Принтови за стил во просторот

Есента како совршен декоратер

Школска табла во вашиот дом

Мешање на стилови

Новогодишни елки

Шеми за поставување на слики

Завеси од дрво или мониста

Велигденско декорирање на домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ѕидови со пруги

Огледалата - убавината на одразот

Налепници на прозорците



Аранжирање на декоративни предмети


Еве неколку совети како да аранжирате со стил, без пренатрупување, инспиративно и со вкус.


Изберете место

Многу места, како што се полиците, масите и комоди, едноставно подразбираат поставување на декоративни предмети. Меѓутоа, треба да се земат предвид и помалку забележителни места, како што се подножјата на скалите, безживотните агли, длабоките симсови на прозорците, горната површина на фрижидерот или ноќните масички.

Скоро секоја хоризонтална површина може да биде потенцијално место за декоративните предмети.









Внесете боја

Декоративните предмети се прилика да се поиграте со интензивни бои во собата. Собата без живост може да ја освежите со поставување на украси во живи, контрастни бои. Променете ги украсите според годишното време, така што ќе ги нагласите различните бои: студени бои за потоплите месеци и обратно.


Персонализирајте ги

Штом ќе се соочите со празно место, одењето во продавница звучи логично. Сепак, одолејте на искушението – купените декоративни предмети може да изгледаат убаво, но и стерилно. Прегледајте ги вашите лични работи кои имаат посебно значење за вас, или појдете во потрага по старите предмети кои можат да се комбинираат со сериски произведените предмети купени во продавниците.


















Зголемете ги димензиите

Размислете за врската помеѓу бројот и големината на вашите украсни предмети и просторот кој сакате да го пополните. Многу луѓе се определуваат за помали декоративни предмети, кои многу често нема да го остварат саканиот ефект во просторот.

Корпа со три клопка волница, ламба и три врамени фотографии може да изгледаат совршено на масичката, но поставени на високата полица ќе изгледаат како артикли на полица во продавница. Исто така, немојте да ја окупирате секоја педа слободен простор со детали кои ќе го преоптоваруваат погледот.


Направете подлога

Секако не заборавајте на просторот во позадината на вашите украси. Понекогаш украсниот аранжман бара соодветна подлога, за да оствари целосен ефект. На полицата за книги, може да се остави соодветен панел (картон или лесонит) кој ќе биде прекриен со платно или хартија во боја, па така направен да се прицврсти на задниот дел на полиците.

Исто така, атрактивната завеса или огледало на ѕидот може да претставува позадина за масичката на која се поставени украсните предмети.









Менувајте ги местата на украсите

Слободно менувајте го распоредот на украсите во домот. Со почетокот на секое годишно време разместете ги постојните и додајте нови, кои се поврзани со соодветниот дел од годината. Доколку планирате да имате повеќе украсни елементи, со отстранување на неколку од нив на пролет, ќе направите просторијата да изгледа посветла и попространа во текот на потоплите месеци.


Слободно експериментирајте

Една од убавите работи кај декоративните предмети е дека може лесно да се променат. Пробувајте различни аранжмани, оставете ги неколку дена и оценете дали ви одговараат. Може да се обидете да внесете малку индивидуален хумор со поставување на украсите на за нив необични места.