Декорирање на домот:

Омбре новогодишни елки

Совети за употреба на мотиви

Совети за декорирање со пруги

Декорации на скали со цвеќе

Внесување на карирани елементи во домот

Убавината на рефлектирачкиот мебел

Галериски ѕид

Големи ѕидни часовници

Идеи за новогодишно украсување на мал стан

Украсена новогодишна трпеза

Идеи за новогодишна елка

Плочки со геометриски форми

Сјајот на летото во домот

Збогатен минимализам

Декорации за Велигденските празници

Комбинирање на мотиви во ентериер

Идеи за велигденско украсување

Декорација на просторот со растенија

Скалите како украс во домот

Новогодишни украси на трпезата

Новогодишни декорации со тегли

Совети и идеи за новогодишни декорации

Декорaција на столбови

Декорации за Велигденските празници

Декорација со гранки

Новогодишно декорирање на влезната врата

Новогодишно декорирање на мали простори

Стилови на украсување на елка

Галерија на новогодишни украси

Декорирање на клуб маса

Домот во есенско руво

Декорација на скали

Ретро детали

Колаж од фотографии на ѕидот

Печатење на сликарско платно

Зебра мотив

Тапети и ткаенини во склад

Домот во велигденско руво

Мурали во темница

Декорации со коноп

Како да ја украсите новогодишната трпеза

Прозорци во новогодишно руво

Декорации за новогодишните празници

Креативна декорација на ѕидовите

Боите на есента во ентериерот

Обоени дрвени подови

Маски за радијатор

Трпеза во Велигденски сјај

Велигденски амбиент

Новогодишнo украсување со светилки

Новогодишни украси

Декорации кои греат во студената зима

Весела кујна

Есенски декорации со тикви

Детали во бела бања

Декорација со оригами

Комбинирање на перничиња

Цветни мотиви во бањата

Интарзија како украс

Тулa во ентериерот

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Велигденско украсување

Пепито мотив

Како да се изложи цвеќето

Осветлени полици

Разубавете ги полиците

Светлината во најдолгата ноќ

Новогодишно декорирање на прозорците

Новогодишни декорации во трпезаријата

Прекрасни новогодишни елки

Декорација со букви

Убавината на есента во домот

Каро мотивот во ентериерот

Ѕидови бојадисани со мотиви

Графит на ѕид во домот

Рустични детали за топлина во кујната

Декорации на трпезата за Велигден

Велигденски декорации

Декорирање со географија

Прозорците во новогодишно руво

Новогодишни декорации на трпеза

Декорации на новогодишна елка

Новогодишни декорации

Старите комоди со нов сјај

Алтернатива за традиционалните завеси

Убавината на подните ламби

Шармот на дрвените греди

Ковано железо во ентериерот

Повторувањето како елемент во уредувањето

Аранжирање на трпезариска маса

Внесете боја со перници

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Новогодишно декорирање на прозорците

Аранжирање на декоративни предмети

Идеи за новогодишни декорации (прв дел)

Идеи за новогодишни декорации (втор дел)

Идеи за украсување на новогодишна трпеза

Принтови за стил во просторот

Есента како совршен декоратер

Школска табла во вашиот дом

Мешање на стилови

Новогодишни елки

Шеми за поставување на слики

Завеси од дрво или мониста

Велигденско декорирање на домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ѕидови со пруги

Огледалата - убавината на одразот

Налепници на прозорците



Мешање на стилови




Доколку живеете во простор кој неодамна сте го уредиле според сопствениот вкус и начин на живот, а неодамна сте наследиле стар мебел од вашата баба, не очајувајте.

Антиквитетната комода, слика или ламба, може да ја поставите во стилски потполно поинаква просторија и на тој начин да внесете атрактивност и индивидуалност во уредувањето.




Наједноставен начин на мешање на стилови е расчленување по простории. Доколку ви се допаѓаат различни стилови на уредување, може една или повеќе простории да ги уредите во различен стил. Така, дневната, спалната и детската соба, трпезаријата, кујната и бањата може да ја уредите на конкретен начин и одреден стил, без да се задира во другиот стил. Стилската разноликост ќе се почувствува преку престојот во различните простории и на тој начин ќе ја задоволат потребата за промена и разноликост.


Директно комбинирање на стилови

Најсложен, но и најпредизвикувачки зафат е директното мешање на стилови во рамките на иста просторија. На овој начин, до полн израз доаѓа надополнувањето на стиловите и складноста која се создава при имплементирање на едниот стил во другиот.




Кај овие, директни зафати, задржете се на два или најмногу три стила, за да просторот не стане преоптоварен со преголема разноликост. Без изразито истанчен вкус лесно може да се премине границата на убавото и да се преjде во кич. Идеално за вакви комбинации е да се креира во големи, прозрачни и добро осветлени простории, додека во помалите простории се препорачува стилското поигрување да биде само во поединечни детали.


Постапно мешање на два стила


Исклучително атрактивно, но малку и посложено и посмело е мешањето на два стила кое најдобро ќе се почувствува во простории кои се поврзани. На пример, финиот премин од кујната, која може да биде рустикална, преку трпезаријата, која може да биде уредена во било кој стил, до дневната соба со минималистички ентериер, ќе изгледа интересно и атрактивно.




Овој вид на фино нијансирање може да создаде целосно уникатни простории, а може да се нијансираат и различни стилови. Притоа, најсигурна опција при мешање на различни стилови е кога еден од стиловите е минималистички.


Дискретно комбинирање на стилови

Едноставен начин за сите оние кои сакаат само во траги да се почувствува присутноста на другиот стил во просторот е да се вметне парче мебел кое стилски ќе се разликува од сè останато. Доколку сте решени за антиквитетна комода, поставете над неа огледало или слика со рамка во истиот стил и така заокружете ја атмосферата на одреден стил.




Ваквата комода идеално е да се постави на слободен ѕид во простор без контакт и поврзаност со другите парчиња мебел.

Поедноставните стилски декорации се многу интересни и во бањите. Акцентот може да се стави со поставување на лустер или ламба, кои ќе се разликуваат од останатиот мебел и предмети во просторот.


Избор на стил

Секој стил на уредување на ентериер има свои особености и причини зошто некои го сакаат и прифаќаат, а други пак не. Изборот на одреден стил најмногу зависи од вкусот, потребите, начинот на живот и финансиските можности, кои пак условуваат исполнување на сите или на само некои желби.

Стилските атрибути го дефинираат дизајнот и атмосферата во просторот, и создаваат амбиенти со различни квалитети. Мешањето на стилови претставува исчекор во креирањето на атмосферата во ентериерот. Иако многумина не би се осмелиле, правилата се едноставни – немојте да претерувате во внесување на секундарниот стил и така сигурно нема да погрешите.