Декорирање на домот:

Омбре новогодишни елки

Совети за употреба на мотиви

Совети за декорирање со пруги

Декорации на скали со цвеќе

Внесување на карирани елементи во домот

Убавината на рефлектирачкиот мебел

Галериски ѕид

Големи ѕидни часовници

Идеи за новогодишно украсување на мал стан

Украсена новогодишна трпеза

Идеи за новогодишна елка

Плочки со геометриски форми

Сјајот на летото во домот

Збогатен минимализам

Декорации за Велигденските празници

Комбинирање на мотиви во ентериер

Идеи за велигденско украсување

Декорација на просторот со растенија

Скалите како украс во домот

Новогодишни украси на трпезата

Новогодишни декорации со тегли

Совети и идеи за новогодишни декорации

Декорaција на столбови

Декорации за Велигденските празници

Декорација со гранки

Новогодишно декорирање на влезната врата

Новогодишно декорирање на мали простори

Стилови на украсување на елка

Галерија на новогодишни украси

Декорирање на клуб маса

Домот во есенско руво

Декорација на скали

Ретро детали

Колаж од фотографии на ѕидот

Печатење на сликарско платно

Зебра мотив

Тапети и ткаенини во склад

Домот во велигденско руво

Мурали во темница

Декорации со коноп

Како да ја украсите новогодишната трпеза

Прозорци во новогодишно руво

Декорации за новогодишните празници

Креативна декорација на ѕидовите

Боите на есента во ентериерот

Обоени дрвени подови

Маски за радијатор

Трпеза во Велигденски сјај

Велигденски амбиент

Новогодишнo украсување со светилки

Новогодишни украси

Декорации кои греат во студената зима

Весела кујна

Есенски декорации со тикви

Детали во бела бања

Декорација со оригами

Комбинирање на перничиња

Цветни мотиви во бањата

Интарзија како украс

Тулa во ентериерот

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Велигденско украсување

Пепито мотив

Како да се изложи цвеќето

Осветлени полици

Разубавете ги полиците

Светлината во најдолгата ноќ

Новогодишно декорирање на прозорците

Новогодишни декорации во трпезаријата

Прекрасни новогодишни елки

Декорација со букви

Убавината на есента во домот

Каро мотивот во ентериерот

Ѕидови бојадисани со мотиви

Графит на ѕид во домот

Рустични детали за топлина во кујната

Декорации на трпезата за Велигден

Велигденски декорации

Декорирање со географија

Прозорците во новогодишно руво

Новогодишни декорации на трпеза

Декорации на новогодишна елка

Новогодишни декорации

Старите комоди со нов сјај

Алтернатива за традиционалните завеси

Убавината на подните ламби

Шармот на дрвените греди

Ковано железо во ентериерот

Повторувањето како елемент во уредувањето

Аранжирање на трпезариска маса

Внесете боја со перници

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Новогодишно декорирање на прозорците

Аранжирање на декоративни предмети

Идеи за новогодишни декорации (прв дел)

Идеи за новогодишни декорации (втор дел)

Идеи за украсување на новогодишна трпеза

Принтови за стил во просторот

Есента како совршен декоратер

Школска табла во вашиот дом

Мешање на стилови

Новогодишни елки

Шеми за поставување на слики

Завеси од дрво или мониста

Велигденско декорирање на домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ѕидови со пруги

Огледалата - убавината на одразот

Налепници на прозорците



Огледалата - убавината на одразот



Легендата вели дека многу одамна постело момче по име Нарцис, кој бил толку убав што било кој да го погледнел се вљубувал во него. Немезис, божицата на осветата фрлила магија на Нарцис да се вљуби во својот одраз од езерото. Над езерската површина тој стоел маѓепсан од својата убавина, се до смртта, после која боговите го претвориле во цвет.


  

Во светот опседат од убавината и младоста, легендата за Нарцис денес е поактуелна од било кога, и во буквална и во симболичка смисла. Зградите се повеќе се градат од стакло и метал, автомобилите се лакирани и сјајни, а глатките рефлектирачки површини се присутни и во излозите, ѕидовите, столовите, ормарите...

Огледалото не стана само симбол на нашата потреба да бидеме убави (а и тоа редовно да го проверуваме) и да бидеме опкружени со убави работи, туку само по себе стана декоративно во просторот во кој живееме.

Со него, како неопходен дел од ентериерот може да се поигруваме и да постигнеме интересни ефекти, игри на облици и бои во просторот, но и итро да прикриеме некои негови недостатоци.

Огледалото во предсобјето пред се е фунционално: во него го проверуваме изгледот при излегување од станот, а треба да биде така поставено и со таква големина за да може да се види целата фигура.


  

Истовремено ова е одличен начин визуелно да го зголемиме стеснетиот дел од станот, за што е потребно и одредено осветлување. Огледалото максимално ја рефлектира светлината и ја удвојува длабочината на просторијата, па ако таа е издолжена, добро е да се постави на поширокиот ѕид. бидејќи му дава длабочина на секој простор. Огледалото е погодно за оптички илузии, кои дизајнерите мудро ги користат во јавните простори, како што се кафулињата, клубовите, дискотеките, итн.

Огледалото се става на и вратата на просторијата, на ормарот и комодата, а во луксузните вили на препотентните филмски ѕвезди едно од омилените места е над креветот - се во служба на хедонизмот и раскошот.

Со оглед на тоа дека огледалото го прима призорот пред кој се наоѓа, добро е да се постави спроти отворен простор или тераса низ која се гледа зеленило, па така, со трик може да внесеме малку природа во својот дом.


  

Иако во дневната соба неговата функционалност не е неопходна, може многу убаво да изгледа ако го третираме како слика на ѕидот. Затоа е интересно кога огледалото ќе се постави спроти омилената глетка, бидејќи на тој начин тоа станува слика, и тоа динамична, која може да ја оживее атмосферата.

Денес изборот на огледала е неограничен: од оние со габаритни, изрезбани, стилски метални рамки, со рустикални, дрвени рамки во резба, преку шарените игри со стакло, пластика, кованото железо и другите материјали, па се до наједноставните и модерни, без рамки, и тоа со најразлични правилни и неправилни облици. Се што треба да направите е да одлучите кое најдобро се вклопува во вашиот простор.




Убаво е кога во близина на огледалото се наоѓаат украсни растенија, декоративна скулптура, по некој интересен детал, со пријатно и ефектно осветлување. Ако огледалото е внимателно избрано и поставено, делот на станот во домот во кој се наоѓа го прави репрезентативен. Затоа потрудете се тоа да биде некој убаво аранжиран простор во кој најмногу уживате. Пружете му го на просторот тоа задоволство, како и на трагичниот, преубав Нарцис, да се огледува во сопствената убавина.