Таблата, која е најкарактеристична за училиштата, во домот поставена на ѕид може да има повеќе функционалности – како платно, потсетник, календар, а притоа ќе биде и уникатен, атрактивен елемент во просторот. Со едно движење на сунѓерот, таблата е подготвенa за нови уметнички дела, нови задачи кои треба да се направат, нови рецепти итн.
Црната боја во комбинација со бела креда е највпечатлива, но на располагање се и безброј други комбинации. Еве упатство како може да се направи табла на дрвена површина или ѕид со фарбање со соодветна мешавина:
Потребен материјал:
• 250 ml мат акрилна или латекс фарба за ѕид или дрво, во боја по избор
• 30 g фуг маса
• Сад за мешање
• Четка за фарбање
• Брусна хартија со гранулација 150
Постапка:
Површините кои ќе се фарбаат треба да бидат чисти и суви за да фарбата подоцна не почне да се лупи. Пребришете со крпа за прашина. Оштетените површини треба да се отстранат.
Фарбата и фуг масата се мешаат се додека грутчињата исчезнат. Мешавината брзо се суши, па затоа не треба одеднаш да се подготвува за поголеми површини.
Со четка се нанесува фарбата на површината и се остава да се исуши.
На крај, сувата обоена површина нежно се шмиргла со брусна хартија.