| Направи сам:
Направете сами новогодишни декорации
Трошниот мебел во тренд
Направи сам: фарба за табла на ѕид
Направи сам: плетена лежалка
Подлошки од камчиња
Велигденско јајце од коноп
Топка со снегулки
Столици од палети
Вратете го сјајот на комодата
Полици за пешкири
Вазна со канап
Ѕиден часовник од дрво
Постолје за цвеќе
Висечки полици
Kутија од магазини
Цветен лустер
Аголна масичка
Ѕиден часовник
Декорирање на саксии
Клупа
Масичка од трупец
Сопствен дизајн на ламба
Излог
Свеќници
Искористете ги старите лончињa
Eзерце во дворот
Полица со рамка
Собна фонтана
Цветна кулиса за тераса
Black&White преобразба
Абажур од коноп
Соба во соба
Аквариум
Сталажа за музички систем
Полица за компакт дискови
|
|  |
| Black&White преобразба
Едноставна ниска комода и два обични стола може да се освежат со секогаш актуелна црно-бела комбинација. Овој пат ќе употребиме остатоци од ѕидни тапети и шаблони.
Комода
Материјал и прибор:
• остатоци од ѕидни тапети
• лепило за дрво (drvofix)
• црна акрилна боја
• скалпел и ножици
• потенка и подебела четка за боење
• проѕирен лак за завршен премаз со нитро база
Постапка:
Корпусот на комодата ја обојуваме во црно. Тоа го правиме во два слоја, чекајќи околу два часа првиот слој да се исуши. Тапетата ја кроиме според фиоките и ја залепуваме со лепило за дрво. Останатите рачки се во црна боја, но по желба може да ги обоите во бело или дури и во некоја интензивна боја, на пример, црвена.
Кога и фиоките ќе се исушат, сè заедно треба да се прелакира со еден слој заштитен од проѕирен мат лак на нитро база.
Столови
Доколку имате два обични бели стола, и на нив може да им подарите B&W look со помош на шаблон.
Материјал и прибор:
• црна акрилна боја
• шаблон со мотив на ластари
• четка
• сунѓерче
• проѕирен лак за завршен премаз на нитро база
Постапка:
Седалото и наслонот на столот оставете ги бели, а сите останати делови на столицата обоите ги со црна боја. Шаблонот прилепете го на седалото на столот, а потоа со сунѓерче нежно нанесувајте црна боја за да се обои дрвото. Оваа постапка повторете ја и на наслонот на столот.
Кога ќе завршите и кога потполно ќе се исушат, прелакирајте ги со лак за да дополнително ги заштитите од абење.
|
|