| Направи сам:
Направете сами новогодишни декорации
Трошниот мебел во тренд
Направи сам: фарба за табла на ѕид
Направи сам: плетена лежалка
Подлошки од камчиња
Велигденско јајце од коноп
Топка со снегулки
Столици од палети
Вратете го сјајот на комодата
Полици за пешкири
Вазна со канап
Ѕиден часовник од дрво
Постолје за цвеќе
Висечки полици
Kутија од магазини
Цветен лустер
Аголна масичка
Ѕиден часовник
Декорирање на саксии
Клупа
Масичка од трупец
Сопствен дизајн на ламба
Излог
Свеќници
Искористете ги старите лончињa
Eзерце во дворот
Полица со рамка
Собна фонтана
Цветна кулиса за тераса
Black&White преобразба
Абажур од коноп
Соба во соба
Аквариум
Сталажа за музички систем
Полица за компакт дискови
|
| |
| Направи сам: полица со рамка
Овој интересен елемент преставува полица и слика во едно. Доколку имате некојa стара дрвена кутија или слика, нив може да ги искористите за негова изработка, а на тој начин ќе добиете убав и функционален елемент во вашиот дом.
Потребни материјали:
- дрвена кутија
- дрвена рамка или декоративна лајсна
- столарска кутија за режење
- лепило за дрво
- линијар
- молив
- декоративна самолеплива хартија
- креп-хартија
- скалпел
- дупчалка
1.Измерете ги внатрешните димензии на вашата кутија (ширината и висината).
2. За сечење на рамката, обележете ја измерената димензија и со помош на столарска кутија за режење, исечете ја под агол од 45 степени од двете страни.
Едниот рез треба да има ориентација “/”, a другиот “\”.
Најмалата димензија на исечената лајсна треба да биде еднаква на измерената внатрешна димензија на кутијата. Ова сторете го и за сите 4 парчиња на рамката.
3. За спојување на рамките, нанесете го лепилото на аглите на парчињата на рамката и спојте ги. За да обезбедите нивно притискање, спојте ги и со креп-хартија, која подоцна ќе ја извадите. Со влажна ткаенина отстранете го вишокот на лепило. Почекајте одредено време, според упатството на производителот на лепилото, за да процесот на лепење биде успешен.
4. Додека лепилото се суши, може да ја залепите декоративната самолеплива хартија на надворешните страни на кутијата. Ова, се разбира, ќе го направите доколку не сте задоволни со нејзиниот изглед. Исечете парче со ширина на страните на кутијата и со должина доволно за да се обиколат сите четири страни. При лепењето испланирајте крајот на хартијата да биде на горната страна, за да не се гледа. Евентуалните нерамнини и воздушни меури кај хартијата израмнете ги.
5. Со дупчалка направете отвори во аглите на задниот дел на кутијата кои ќе служат за закачување.
6. Кога рамката ќе биде залепена, може малку да ја избрусите, и да ја обоите, по желба.
7. За да ја споите рамката со кутијата, нанесете тенок слој по должината на целиот преден раб на кутијата. По спојувањето на рамката и кутијата, вишокот на лепило отстранете го со влажна крпа. Залепете креп-хартија за да се изврши притисок на залепените површини. Откога лепакот е целосно исушен, отстранете ја креп-хартијата. Така, вашата полицата е подготвена за поставување.
|
|