Направи сам:

Направете сами новогодишни декорации

Трошниот мебел во тренд

Направи сам: фарба за табла на ѕид

Направи сам: плетена лежалка

Подлошки од камчиња

Велигденско јајце од коноп

Топка со снегулки

Столици од палети

Вратете го сјајот на комодата

Полици за пешкири

Вазна со канап

Ѕиден часовник од дрво

Постолје за цвеќе

Висечки полици

Kутија од магазини

Цветен лустер

Аголна масичка

Ѕиден часовник

Декорирање на саксии

Клупа

Масичка од трупец

Сопствен дизајн на ламба

Излог

Свеќници

Искористете ги старите лончињa

Eзерце во дворот

Полица со рамка

Собна фонтана

Цветна кулиса за тераса

Black&White преобразба

Абажур од коноп

Соба во соба

Аквариум

Сталажа за музички систем

Полица за компакт дискови



Масичка од трупец




Потребни материјали и алати:

• трупец од дрво со височина 45 cm

• чекан и длето

• брусна хартија (со средно груба и фина структура)

• 3 ногарки за масата со височина 15 cm кои може да ги набавите во продавница за оков

• дупчалка и соодветни бургии

• полиуретански лак (со сјајност по ваш избор)

• четка


Постапка

Откако сте го набавиле трупецот, оставете го да се исуши најмалку еден месец надвор. Потоа внесете го внатре неколку недели. Ако е трупецот сув, многу полесно ќе ја извадите кората. Ако веќе стоел надвор пред да го земете, тогаш секако дека нема потреба да стои пак.




Со чеканот и длетото извадете ја кората. Може и да го прескокнете овој чекор, но со тек на време дрвото ќе се суши се повеќе, па ќе почнат да паѓаат парчиња од кората. Со тоа вашата масичка веќе нема да биде толку убава.


    


Откако ќе ја извадите кората, преминете на мазнење на трупецот. Треба да ги измазните сите груби површини. Користете прво погруба, а потоа брусна хартија со фина структура. Површината на трупецот треба да биде идеално мазна.




На крај пребришете го трупецот со чиста крпа, со што ќе го исчистите од дрвената прашина.




Сега одлучете како ќе биде поставен трупецот, и свртете го така да долната страна биде горе. Наместете ги ногарките на еднакво растојание една од друга.




Со молив обележете ги местата каде што ќе треба да ги прицврстите ногарките.




Тргнете ги ногарките, и издупчете ги местата за завртките.




Потоа прицврстете ги ногарките.


    


Сега свртете го трупецот да застане на ногарките. Почнете со лакирањето.








Откако ќе го премачкате со првиот слој, нежно избрусете го со фината брусна хартија. Потоа преминете кон повторно премачкување. Секогаш оставете да се исуши слојот од лак колку што е пропишано од производителот. Од страните ќе бидат потребни 2-3 слоја, но горната и долната површина ќе треба да ги премачкате со 6 слоја бидејќи многу повеќе ќе впијат од лакот.

Кога ќе завршите ставете ја на место вашата нова масичка.