Пред да почнеме со опишување на изработката, на сликата ќе ја прикажеме скицата на полицата каде сите димензии се во сантиметри.
Сите делови од кои е изработена оваа полица се стари остатоци од дрвенарија. Позадинската плоча порано била странична плоча од ормар, материјалот е иверица со дебелина 18 мм, додека предните плочи се од медијапан, со дебелина 18 мм.
Прво ќе почнеме со спојување на предните плочи (од медијапан), при што прво се ги стегнеме со стеги, а потоа ќе ги зашрафуваме.
Употребуваме шрафови со димензија 45x4 мм, бургија 3 мм. Медијапанот понекогаш знае и да испука кога се дупчи од бочна страна, па поради тоа треба да се внимава дебелината на шрафот да не биде многу поголема од дебелината на употребуваната бургија. Пред да го зашрафиме, секој шраф се потопува во лепило за дрво. Потоа фарбаме, со три раце бела основна и три раце светло сива боја.
Потоа задната плоча (иверката) фино ја брусиме и ја боиме со бела основна боја една рака и со бело-кафена три раце.
Следи спојување на тие две плочи. Користењето на стеги практично е неизбежно, а употребуваме шрафови 6x70мм, бургија 4,5 мм.
На крај, следи монтирање на полицата на ѕид. Употребуваме типли Ø10 (10x50 мм), шест шрафа (три од лева и три од десна) кои се со димензии 6x70мм и со нешто пошироки плочи како подлошки
На тој начин добиваме полица која лесно се изработува и може да прими 354 CD-a.