Направи сам:

Направете сами новогодишни декорации

Трошниот мебел во тренд

Направи сам: фарба за табла на ѕид

Направи сам: плетена лежалка

Подлошки од камчиња

Велигденско јајце од коноп

Топка со снегулки

Столици од палети

Вратете го сјајот на комодата

Полици за пешкири

Вазна со канап

Ѕиден часовник од дрво

Постолје за цвеќе

Висечки полици

Kутија од магазини

Цветен лустер

Аголна масичка

Ѕиден часовник

Декорирање на саксии

Клупа

Масичка од трупец

Сопствен дизајн на ламба

Излог

Свеќници

Искористете ги старите лончињa

Eзерце во дворот

Полица со рамка

Собна фонтана

Цветна кулиса за тераса

Black&White преобразба

Абажур од коноп

Соба во соба

Аквариум

Сталажа за музички систем

Полица за компакт дискови



Направи сам: сталажа за музички систем


За изработка на оваа сталажа ви се потребни:

• 2 квадратни метри медијапан со дебелина 18 мм

• две челични шипки со навои, поцинкувани, М16

• 24 челични навртки, М16

• 24 челични подлошки, М16

• четка

• бела основна и зелена боја, разредувач

• брусилица и хартија за шмирглање

• 2 француски клучеви број 24,

• либела

• столна дупчалка, бургија 16 мм

Обработка на медијапанот

Прво треба да купите медијапан кој најчесто се продава како плоча со димензија 244x122 см од која може да се добијат 5 плочи со димензија 60x40 см. Димензијата на бургијата треба да биде малку поголема од димензијата на шрафовите. Со оглед на тоа дека дупките треба да бидат издупчени под совршен прав агол, немојте да ги дупчите со рачна дупчалка, туку со столна. Секоја дупка се дупчи на оддалеченост 38мм од рабовите (слика 2).

Потоа доколку сакате, пред се од естетски причини се обработуваат рабовите. Оваа опреација е најдолга од сите. Прво, грубо се симнуваат рабовите, па потоа со вибрациска дупчалка (на која се монтира брусна хартија број 30). Следува рачно брусење со брусна хартија број 40, и на крај со број 120. Во столарскиот занает брусењето е свето. Потоа со чиста и сува крпа се отстранува пилевината или прачината. На пр. доколку боиме на нечиста или масна подлога, по одредено време боењето ќе треба да се повтори од почеток.

Следи боењето кое започнува со нанесување на основна бела боја. Не заборавајте дека треба добро да ја протресете бојата и дека четката треба да биде совршено чиста. За секоја полица се оди со само една рака основна боја. Оставете бојата да се осуши 24 часа. По нанесувањето на една рака основна боја, земете брусна хартија број 150 или пофина и лесно неколку пати помонете по полицата за да сите нерамнини исчезнат и за да подлогата која ја подготвуваме за нанесување на зелената боја е максимално глатка.

По нанесувањето на една рака зелена боја, чекаме 24 часа пред да ја нанесеме втората. Доколку зелената не ви е најомилена, можете да употребите и потрадиционална боја (срна , сребрена или боја на дрво).

 

Челични шипки

Понатаму следи зашилување на шипките кое се прави со брусилица (сл.3). Тоа се прави со цел подобро да се изолира сталажата од вибрации кои доаѓаат од околината со цел да се произведе подобар звук на системот. При брусењето треба да се стави заштитната капа на брусилицата за да ги отфрла искрите спротивно од вас. Доколку работите во гаража искрите не треба да бидат насочени кон вашиот автомобил бидејќи може да ја оштетат бојата. Доколку работите на отворено, ветерот би можел да ги насочи искрите во вас, па затоа користете заштитни наочари!

 

Монтажа

При монтажа прво се става подлошката, а потоа и матицата. Растојанието на полиците треба да биде опеделено во зависност од вимензиите на компонентите кои ги имате. На прикажаниот пример, растојанието помеѓу долната и средната полица е 24 см (тука може да се стави засилувачот на кој му е потребен простор поради загревање), а помеѓу средната и горната полица растојанието изнесува 16 см. Цврсто стегнете ги матиците за да не се олабават после некое време. Со либела урамнотежете ги полиците пред цврсто да ги стегнете.