| Боите во домот:
Комбинирање на бои
Со боите до саканото расположение
Мистичната виолетова во домот
Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата
Портокалова во домот
5 начини да декорирате со црвена боја
Белата боја во вашиот дом
Сите нијанси на жолта во вашиот дом
Значење на боите во детските соби
Розoва во домот
Избор на сјајност на боја
Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите
Зелената во домот во неколку чекори
Тиркизна боја во домот
Бои во бањата
Избор на бои во кујната
Кафената – боја од природата
Метаметризам на боите во ентериерот
Сребрен сјај во домот
Луксузот на златната боја
Бои за топлото лето
Бои за релаксирана спална соба
Колор блокинг
Хармонија меѓу боите и мирисите
Кујнa во јарки бои
Боите на есента во ентериерот
Сивата во комбинација со другите бои
Румено-бакарна боја
Акцентирање со црвена
Акценти во жолта боја
Визуелно зголемување на просторот со бои
Пастелна сина и розова во ентериер
На што да се внимава при избор на боја за ѕидови
Сивата и зелената во пар
Убавината на бакарната боја
Минт и црна боја во комбинација
Палети бои во тренд за 2018
Совети за црно-бели ентериери
Пурпурна боја во домот
Бои во работно катче во домот
Внесување сива боја во ентериерот
Сивата - одлична боја за спална соб
Есенски палети во домот
Црна во комбинација со другите бои
Лимета боја во ентериерот
Боја на лаванда
|
| |
| Тиркизна боја во домот
За многумина тиркизната боја е омилена боја и за неа ќе речат дека е боја која е невозможно да не ја сакате. Може да се види во многу нијанси, од бледо или небесно сина до сина со зелени тонови, што на нејзините љубители им остава широки можности за комбинирање и примена.
Светлата тиркизна боја или аквамаринот се одлични доколку сакате да додадете женственост и смирувачко чувство, додека потемните тонови му даваат префинетост на просторот. Светлата тиркизна боја може да се употреби во улогата на создавање на фокусна точка во просторот, поради својството да привлекува внимание.
Тиркизната како боја е одлична за комбинирање со други бои.
Тиркизна и зелена – овој микс најдобро се опишува со зборот свежина. За свеж изглед на вашата соба употребете ја оваа комбинација, а за зголемен ефект треба да се употреби светло зелена боја.
Тиркизна и жолта – се добива двоен резултат, смирувачко чувство кое го носи со себе тиркизната и подигнувачки, енергетски ефект кој го создава жолтата боја. Оваа комбинација е одлична за детска соба.
Тиркизна и портокалова – создава стилска и спортска атмосфера, исполнета со енергија и свежина. Исто така, исклучително е погодна за детска соба на момче.
Тиркизна и розова – со комбинирање на тиркизна и светло розова ќе создадете женствена, мека атмосфера, додека со употребана темно розова се постигнува ретро амбиент.
Тиркизна и виолетова – за мирна, скоро неутрална соба употребете светли тонови на тиркизна и виолетова. За пожива атмосфера употребете појарки бои.
Тиркизна и кафена – кафената како природна боја создава убав контраст во комбинација со тиркизната. Кафената дава традиционален изглед, а тиркизната ќе допринесе да се внесе модерна нота во просторот.
Тиркизна и сива – особено добра комбинација за нагласување на деталите. Имено, тиркизна ламба или заглавие на кревет на сива позадина ќе изгледаат исклучително убаво.
Тиркизна и бела – комбинација која допринесува за внесување на чувствителност на просторот и која ја поттикнува креативноста.
За крај, тиркизната боја од психолошки аспект ги контролира и лекува негативните емоциите, создава емоционален баланс и стабилност. Доколку сакате мирно, светло место исполнето со инспирација, употребете ја оваа боја.
|
|