| Боите во домот:
Комбинирање на бои
Со боите до саканото расположение
Мистичната виолетова во домот
Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата
Портокалова во домот
5 начини да декорирате со црвена боја
Белата боја во вашиот дом
Сите нијанси на жолта во вашиот дом
Значење на боите во детските соби
Розoва во домот
Избор на сјајност на боја
Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите
Зелената во домот во неколку чекори
Тиркизна боја во домот
Бои во бањата
Избор на бои во кујната
Кафената – боја од природата
Метаметризам на боите во ентериерот
Сребрен сјај во домот
Луксузот на златната боја
Бои за топлото лето
Бои за релаксирана спална соба
Колор блокинг
Хармонија меѓу боите и мирисите
Кујнa во јарки бои
Боите на есента во ентериерот
Сивата во комбинација со другите бои
Румено-бакарна боја
Акцентирање со црвена
Акценти во жолта боја
Визуелно зголемување на просторот со бои
Пастелна сина и розова во ентериер
На што да се внимава при избор на боја за ѕидови
Сивата и зелената во пар
Убавината на бакарната боја
Минт и црна боја во комбинација
Палети бои во тренд за 2018
Совети за црно-бели ентериери
Пурпурна боја во домот
Бои во работно катче во домот
Внесување сива боја во ентериерот
Сивата - одлична боја за спална соб
Есенски палети во домот
Црна во комбинација со другите бои
Лимета боја во ентериерот
Боја на лаванда
|
|  |
| 5 начини да декорирате со црвена боја
Црвената боја може да биде инспирација во домот, со услов да се употребува мудро. Еве неколку едноставни начини за употреба на црвената боја, без страв дека ќе се претера.
Црвени декоративни елементи
Повеќемината од нас не се облекуваат секојдневно во црвена боја од “глава до петици”, па зошто тогаш би го правеле тоа и со ѕидовите. Размислете за вашето преферирање на црвената боја во облекувањето и едноставно тоа пренесете го на ѕидовите. На пр. црвената кошула со некоја неутрална комбинација може да се споредува кога само еден ѕид е обоен во црвено или кога на неутрално обоениот ѕид е закачена црвена уметничка слика.
Кога станува збор за декорирање со црвена, внимавајте – “помалку” честопати е “повеќе”.
Обојте ја влезната врата
Боењето на влезната врата во црвена боја може од вашиот стан или куќа да направи објект кој ќе плени внимание, истовремено истакнувајќи ја особеноста на влезот во “вашиот” свет.
При изборот на нијанси посебно треба да се обрне внимание на стилот на уредување на ентериерот и бојата на околните ѕидови. Црвената е боја која, пред да се примени, мора добро да се осмисли, а ова најмногу се однесува на изборот на нејзината нијанса.
Црвен тапациран мебел
Црвената боја и симболично кога се применува, во неутралните ентериери внесува енергија.
Ако се одлучите за примена на црвената во поголема мерка, како на пр. црвената гарнитура за седење, погрижете се просторијата во која ќе биде поставен црвениот мебел да е доволно осветлена и пространа.
“Запалете” ја кујната со црвенета боја
Имајќи го предвид фактот дека дека црвената боја сама по себе е “врела”, нејзината примена во кујната треба да биде грижливо испланирана и, колку што е можно, сведена на минимум. Црвените лустери, столици или декоративните детали треба да бидат сосема доволни за да се задоволат потребите на поголеми кујнски простории.
Црвени прекривки
Црвената боја препорачливо е да ја има во одредени делови на просторија, а не во целата просторија. На овој начин, при тематското дефинирање на просторијата, не доаѓа до несакан ефект на агресивност.
Помала простирка или ќилим, по можност ориентален, е добар начин да се внесе црвената боја во ентериерот, поради доброто вклопување во скоро секој декор на домот.
|
|