Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Белата боја во вашиот дом



Белата боја асоцира на светлина, невиност, добрина, искреност, чистота. Таа е на чело на хроматската скала и има светлосни варијации кои одат од пригушен до блескав сјај. Таа е боја на јасност и креативност.



Изборот на бела боја не е наједноставно решение како што можеби се чини. Иако ја нарекуваат и “небоја ”, бидејќи се смета дека таа е одраз на отсуството на боја, белата боја ја содржи секоја боја на природната светлина. Затоа доколку сакате бел ентериер, бела соба или бел мебел, запрашајте се :

- Која бела боја ја сакате?

- Колку таа бела боја ќе биде топла или студена?


Доколку вашите ѕидови примаат повеќе сончева светлина, можете да ги обоите со студено бела боја со блага нијанса на сина или виолетова. Доколку собата е студена или е со северна ориентација, направете го спротивното, односно обојте ги ѕидовите со потопла бела боја.

Кога станува збор за таваните, се препорачува тие да бидат бели во секоја просторија, затоа што рефлектираат светлост и со тоа ја осветлуваат просторијата.

Белата боја е совршена подлога за изложување на интересни додатоци и декоративни елементи чија убавина најмногу ќе дојде до израз на оваа ненаметлива боја. Белото секогаш е бело – но сепак и се менува, бидејќи истиот тон делува поинаку, во зависност од периодот од денот, од аголот на гледање и од временските погоди.

Просторијата обоено во бело ќе изгледа поголема отколку што е навистина. Оваа боја е идеална за кујната бидејќи создава чувство на чистота и проектира чувство на внатрешен мир и опуштеност.

Со белата боја со сигурност нема да погрешите. Таа е исклучително елегантна, а покрај тоа го засилува ефектот на останатите бои.

Сепак со неа не треба да се претерува за да не добиете ефект на претерано стерилна просторија.