Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Метаметризам на боите во ентериерот



Мeтаметризмот кај боите е појава кога во одредени услови, односно при една светлина боите на два објекта ги доживуваме идентични, а при друга светлина различни.

Бојата е лично доживување, кое во мозокот се создава кога светлината влегува во окото. Процесот на распознавање на боите е процес во кој влијание имаат обејктот кој се набљудува, светлината, окото и мозокот.

Постојат природни и вештачки извори на светлина – главен природен извор е сонцето, а тука спаѓаат и оганот, блесокот од молња итн. Вештачки извори на светлина по правило ги употребуваме во ноќни услови. Нивни основи карактеристики се: светлосна искористливост (lm/W), температура на бојата на светлината (К), фактор на распознавање на бојата (од 0 до 100).

При изборот на вештачките извори на светлина повеќето од потрошувачите се интересираат за нивната потрошувачка, а многу малку за температурата на светлината. За жал, таа е неправедно запоставена бидејќи во голема мера влијае како ќе го доживуваме просторот во кој престојуваме.



Светлина од класична сијалица



Светлина од флуоросцентни светилки



Светлина од ЛЕД светилки



За споредба, класичната сијалица има температура на бојa на светлината до 2000 K, флуоресцентната светилка до 4000 K, а ЛЕД светилката до 6000 K. Колку вредноста е помала, толку светлината има повеќе топла, односно жолта боја. И обратно, за повисоки вредности светлината е постудена, односно има повеќе бела односно сина боја.

Доколку споменатите вредности ги споредиме со сончевата светлина, може да извлечеме заклучок:
  • светлината на класичната сијалица најблиску е до претпладневната светлина;
  • светлината на најдобрите флуоресцентни светилки се приближува до светлината на попладневното сонце.
  • светлината на ЛЕД или ксенон светилки е најслична на светлината кога има небо без облаци;
Поради феноменот на метаматеризам, генерален совет e изборот на бои да се прави на дневна светлина. На овој начин се избегнуваат најтоплите и најстудените крајни точки на температурата на светлината. Притоа, треба да се има предвид дека северната природна светлина е најстудена, додека јужната е најтопла.