Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Бои за релаксирана спална соба



Спалната соба е простор во кој треба да се создадат услови за одмор и опуштање, а боите докажано имаат влијание на нашето расположение и емоции. Еве неколку бои кои може да се употребат во спалната соба, со цел да создадат амбиент за релаксација, смирување и подобрување на расположението.

Светло зелена – при влегување во соба во која доминира оваа боја ќе имате чувство дека сте во природа, односно шума, која ви носи мир и спокој. Светло зелената има позитивна енергија која се поврзува со свежина, пролет, бујност, живост. Поради сето ова таа ќе ви помогне да се релаксирате.




Темно виолетова - се сретнува и под називот "кралска" боја, па така освен отпуштањето, ќе може да се почувствувате амбиент на богатство и раскош кој го носи со себе.

Бела - многумина ќе кажат дека белата е здодевна боја, но сепак таа оддава атмосфера на чистота, мир и беспрекорност.

Светло сина - дава чувство на свежина и прозрачност, што секако е добредојдено во спалната соба. Таа ќе помогне да се опуштите и да добиете нова енергија.

Светло жолта – нежна и блага боја која ќе создаде релаксирачки визуелен ефект дека вашата спална соба е исполнета со сончева светлина, а ќе побуди чувство на оптимизам и среќа.




Боја на праска – нежна боја која содава одличен амбиент за одмор. Извонредно може да се комбинира со детали во розова боја.