Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Комбинирање на интензивни контрастни бои




Под поимот "color blocking" се подразбира употреба на комбинации на интензивни контрастни бои, како на пример, жолта, сина и зелена или пак розова, црвена и портокалова. Ова комбинирање на бои одлично оди со минималистички мебел во бела или црна боја, или во боја на светло дрво.

Наоѓа примена во дневните и детските соби, а поретко и во кујните. Тоа се простории кои доминираат во домот и кои треба да привлекуваат со ведрина, па затоа овој начин на комбинирање на боите е соодветен за нив. Поради интензивноста, не се препорачува за спалната соба, а исто така и за малиот ходник, кој може да стане визуелно пренатрупан и оптоварен.








Доколку се плашите од колоритен хаос, комбинирајте со аналогни бои (на пример, жолта и црвена). Притоа, не употребувајте пастелни бои, за кои нема место во "color blocking".

Притоа се наметнува прашањето – колкав дел од домот сакаме да го уредиме во "color blocking" стил. Доколку се двоумите, уредувајте со мали чекори. Така ќе дознаете кое количество на боја ви одговара вам и на вашиот простор.

Дневната соба освежете ја со неколку перничиња, вазни или на пример, рамки за слики во контрастни бои. Ако сакате поголеми зафати, обојте ги ѕидовите, набавете завеси или прекривки за мебел во контрастни бои.




Детската соба е место каде не треба да се плашите дека ќе претерате. Како доминантна боја добро е да се одбере смирувачка, како сината или зелената, а деталите нека бидат во други контрастни бои. Дури и не мора целиот ѕидот да се пребојува, туку може и на белиот ѕид да се повлече лента или две во боја. "Color blocking" е идеален за соба каде има повеќе деца, каде секое може да ја одбере својата омилена боја и на тој начин да го огради својот простор.

Доколку станува збор за новороденче, избегнувајте преголема употреба на жолта боја. Имено, жолтата боја го стимулира нервниот систем и менталната активност, но премногу жолта боја може да предизвика агресивност, страв и нервоза.